header image

Одбележан Светскиот ден на штедење 31.10.2019

01.11.2019

 

Одбележан Светскиот ден на штедење 31.10.2019

 

Стопанска банка АД - Скопје како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, го одбележа Светскиот ден на штедење со организирање на 30 едукативни посети на училишта и градинки низ Републиката.

На овие едукативни посети, преку игра и забавна презентација на децата им се приближува концептот за финансиска едукација, значењето на штедењето и одговорното однесување. Финансиската писменост е идентификувана како една од најзначајните алатки за градење и водење на успешен индивидуален и семеен живот за новите генерации.

Затоа, Банката продолжува да креира содржини и настани за интеракција со децата и младите со што им помага да се изградат во одговорни личности со здрави финансиски навики.

 

За време на свеченото одбележување на Светскиот ден на штедење, во организација на Македонска Банкарска Асоцијација и Фондот за осигурување на депозити наградени со статуетки беа најдобрите банкарски службеници.

 

Нашите Кристина Нашоку (филијала Битола), Мајљинда Етеми (филијала Тетово) и Драган Бојковски (филијала Автокоманда) беа овогодинешните највредни службеници кои се гордост за целиот тим а посебно за филијалите во кои припаѓаат. Им посакуваме и понатамошен успех и бројни признанија во работењето и ним и на нивните тимови.

На вработените, клиентите и на соработниците Банката им го честита светскиот ден на штедење.

 

Стопанска банка АД - Скопје

75 години на ваша страна

Аплицирај online

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.