header image

Известување до имателите на обични и приоритетни акции

 

 

21.12.2018

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

до имателите на обични и приоритетни акции на Стопанска банка АД – Скопје

 

 

Врз основа на член 26 од Статутот на Стопанска банка АД – Скопје (С.О. бр. 339 / 15.12.2016 година), Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје, на 44-та седница оддржана на 12.12.2018 година, а врз основа на Одлуката за усвојување на ревидираните Финансиските извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за првото полугодие од 2018 година (С.О.бр. 373 / 12.12.2018 година), донесе Одлука за верификација на Одлуката на Надзорниот одбор за начинот на пресметување и исплата на аванс на дивиденда за обични акции на СБ за првата половина на 2018 година (С.О. бр. 376 / 12.12.2018 година) и Одлука за верификација на Одлуката на Надзорниот одбор за начинот на пресметување и исплата на аванс на дивиденда за приоритетни акции на СБ за првата половина на 2018 година (С.О. бр. 375 / 12.12.2018 година).

Врз основа на горенаведените одлуки, Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши исплата на аванс на дивиденда за обичните акции за првата половина од 2018 година во бруто износ од 73 денари по акција и аванс на дивиденда за приоритетните акции за првата половина од 2018 година во бруто износ од 5 денари по акција.

 

Се известуваат акционерите на Стопанска банка АД – Скопје дека Банката ќе врши исплата на аванс на дивиденда за обичните и приоритетните акции за за првата половина од 2018 година врз основа на следниот дивиденден календар:

 

  • Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на Акционерската книга, е 26.12.2018 година.
  • Последен ден на тргување со право на дивиденда е 24.12.2018 година.
  • Прв ден на тргување без право на дивиденда е 25.12.2018 година.
  • Исплатата на дивиденда ќе започне од 27.12.2018 година.

 

Дивидендата ќе се исплати на имателите на обични и приоритетни акции на трансакциските сметки кои имателите ги имаат во Стопанска банка АД – Скопје.

Исплатата на дивиденда на акционери - физички лица: Со цел ефикасна исплата на дивидендата, се повикуваат сите иматели на обични и приоритетни акции кои немаат трансакциска сметка во Стопанска банка АД - Скопје во денари, а кои имаат право на дивиденда, да се обратат во една од филијалите на Стопанска банка АД – Скопје со цел отворање на трансакциска сметка. Оние акционери - физички лица, кои сакаат да им биде испатена дивиденда во друга банка, треба да дадат “Инструкција за пренос на дивиденда на сметка во друга банка” (најдоцна до пресекот на акционерската книга, 26.12.2018 година), во Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Банката, со приложување на важечка легитимација и сметка од друга банка.

Исплатата на дивиденда на акционери - правни лица ќе се врши со пренос на средства на нивните сметки во Стопанска банка АД Скопје или во друга банка, со доставување на инструкции за исплата во друга банка од страна на правното лице.

Се повикуваат акционерите при подигање на дивидендата од шалтерите на Стопанска банка АД – Скопје со себе да носат валиден документ за лична идентификација.

 

Имајки во предвид дека исплатата на дивиденда на физички лица согласно Законот за персонален данок на доход подлежи на пресметка и плаќање на персонален данок на доход, кој пак  согласно важечката даночна регулатива, се плаќа преку е-ПДД системот на УЈП од страна на самото физичко лице, се повикуваат сите акционери кои не се внесени во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, да преземат лично соодветни активности за нивно евидентирање во даночната евиденција на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на приход кој подлежи на оданочување од кој било вид во Република Македонија. 

 

 

СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ

На ваша страна

 

 

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.