header image

Осигурување на Отплата на Кредит

Животот е полн со доживувања, убави моменти и спомени, но составен дел од животот се и непријатните изненадувања кои ни го предизвикуваат семејниот спокој. Во ваквите моменти клучно е да имате животна потпора која ќе ви овозможи малиот животен предизвик да не стане голем проблем кој потешко ќе се преброди и ќе ви ја наруши финансиската стабилност. Токму за ваквите ситуации, Осигурувањето на Отплатата на Кредит е потпора која може многу да ви помогне за пребродување на одредени животни ситуации за време на повеќегодишната отплата на потрошувачките кредити, како што се: губење на работа, подолги боледувања, трајна неспособност за работа или непосакувана смрт поради незгода.

Редовната отплата на банкарските кредити е од големо значење за вашата финансиска стабилност. Редовната отплата ја претставува вашата кредитна историја која банките ја разменуваат на национално ниво (преку Кредитното Биро) и ви овозможува пристап до дополнителни финансиски средства (дополнителен кредитен износ) во случај на потреба. Лицата со нередовна отплата на кредити имаат нарушена финансиска стабилност, поради неможноста во иднина да земат ново кредитно задолжување (кредитна картичка или кредит. Токму затоа, Осигурувањето на Отплатата на Кредит (во светот познато како - CPI) ви овозможува задржување на добра кредитна историја (редовна отплата) превземајќи ја времено отплатата на ратите за вашиот кредит, во следниве животни настани (осигурителни настани):

Осигуран настан

Надомест што се добива

Остварување

Престанок на работен однос

Покриени се мах. 2 случаи на недоброволен престанок на работен однос за времетрањето на отплатата на кредитот. Притоа, во секој од случаите, клиентот добива до 6 месечни рати отплата на кредитот (мах. 2 х 6 рати).

Осигурувањето не покрива случаи на доброволно или спогодбено раскинување на работниот однос, и се активира 60 дена по престанокот на работниот однос.

Доказ за пријава како невработен во Агенцијата за вработување.

Привремена неспособност за работа (боледување подолго од 45 дена)

Покриени се 2 случаи за времетраењето на отплатата на кредитот. За времетраењето на боледувањето (подолго од 45 дена) осигурувањето ги покрива ратите на кредитот, но не повеќе од 12 рати за секој од случаите (мах 2 х 12 рати)

Се остварува по 45 дена од датум на отворено боледување.

Смрт поради незгода

(пр. сообраќајна незгода или друга животозагрозувачка повреда што не е поврзана со болест и сл.)

 

Покривање на остатокот од долгот на кредитот (недоспеаната главница на денот на незгодата)

Документ кој го поднесува фамилијата

Трајна неспособност за работа (предизвикана од незгода

Медицински извештај

Со ова доброволно осигурување во случај на непосакуван настан кој е покриен со ова осигурување, Осигурителното Друштво времено ја превзема обврската за редовна отплата на вашиот кредит (два пати по мах 6 рати при губење на работа, до 12 месеци за време на подолго боледување) како и целосно подмирување на остатокот од долгот на кредитот во случај на смрт од незгода или трајна неспособност за работа. Предности на ова осигурување:

  • Брза и едноставна пресметка и договарање на полисата за осигурување на отплатата на кредит (“One Stop Shop”) при аплицирањето за потрошувачки кредит во Стопанска банка (преку филијалите или Контакт Центарот на СБ)
  • Плаќањето на ова осигурување е преку износот од кредитот што се префрла како расположлив за користење на вашата трансакциска сметка
  • Ви овозможува финансиска стабилност за вашето семејство, која може да биде нарушена со неможноста за редовна отплата на месечните рати од кредитот
  • Во случај на губење на работа, Осигурувањето ги покрива месечните рати од кредитот (до мах. 6 рати), овозможувајќи ви целосно да се фокусирате кон барањето на нова работа
  • Исплатата на осигурувањето во случај на осигурителен настан е брза и едноставна (минимална документација)

Кои се условите за некој да биде корисник на Осигурување на Отплата на Кредит?

  • Лицето да аплицира за нов необезбеден потрошувачки кредит во Стопанска банка
  • Физичко лице на возраст до 61 г.
  • Да потпише изјава со која потврдува дека:
    • е во работен однос на неопределено време во последните 6 месеци
    • дека нема потпишано бланко изјава за спогодбено (доброволно) раскинување на работниот однос
    • дека не користел боледување подолго 30 дена последователно во последните 12 месеци 

Осигурувањето на Отплатата на Кредит е достапно во сите филијали на Стопанска банка и Контакт центарот кој е достапен 24/7 (02/3100 109)

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.