header image

Ризико животно осигурување

Ризико е самостојно (непакетирано со кредит) животно осигурување кое обезбедува финансиска сигурност на осигуреникот и семејството на износ и период по избор на осигуреникот. За времетраењето на ваквото животно осигурување, корисникот добива животно осигурување на фиксен износ (пример: 30.000 еур) за кое плаќа одредена премија која кон Банката може да ја подмири еднократно, на месечни или годишни рати.

РИЗИКО животното осигурување нема штедна компонента, но затоа пак трошоците се прикладни за домашниот стандард, обезбедувајќи финансиска стабилност на семејството во случај на непосакуван настан (смрт) на осигуреникот.

РИЗИКО животното осигурување се применува за сите лица на возраст помеѓу 14 и 65 години, при што максималната пристапна старост при истек на полисата, треба да биде 70 години.

Периодот на осигурување е по избор на клиентот и може да биде помеѓу 1 и 30 години.

Премијата за РИЗИКО животното осигурување може да се плати еднократно, на месечни или годишни рати (по избор на клиентот), за која цел се потпишува траен налог од трансакциската сметка на клиентот во Банката.

Репрезентативен пример:

  • Женско лице на возраст од 35 години, без хронични болести
  • Период на осигурување: 10 години
  • Осигурително покритие: 20.000 еур. - износ кој би го добиле блиските во случај на непосакуван настан (смрт).
  • Премија (цена на осигурувањето): 508 еур еднократна премија или 5 еур месечна премија во денарска противвредност.
Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.