Дебитни картички
Mastercard Platinum
Mastercard Platinum
За производот
- Премиум дебитна картичка која нуди ексклузивност и престиж со пристап до многубројни поволности и привилегии при патување
- Меѓународна бесконтактна дебитна картичка поврзана со денарска сметка
- Бесплатен пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони (Lounge Key)
- 12 бесплатни посети на деловни зони годишно за себе и своите сопатници.
- Секоја дополнителна посета над 12-тата (по сметка) ќе биде наплатена 28 евра по посета, директно од сметката поврзана со картичката.
- Доколку имате дополнителна картичка, бесплатните влезови се трошат заеднички. Секој влез со било која од основна или дополнителна картичка се одзема од вкупниот број на дозволени бесплатни влезови на вашата сметка.
- Mastercard Travel Rewards (MTR)
- Искористете ексклузивен cashback при купување кај избрани меѓународни брендови за луксузни производи
- Без провизија за плаќање во трговската мрежа
- 3D-Secure стандард за БЕЗБЕДНИ купувања преку интернет
- Без провизија за подигнување и депонирање на готовина кај банкомати во мрежата на Стопанска банка
- Можност за додавање на картичката во Google Wallet и Apple Wallet преку мобилната апликација на СБ
- Бесплатно патничко осигурување за СБ ексклузив клиенти
- Kартичката е специјално дизајнирана платежна картичка со тактилни засеци за да им помогне на корисниците да ги идентификуваат и разликуваат своите картички
- Дебитна картичка: Заоблен засек
- Картичката е изработена од 100% рециклиран PVC.
Употреба
- Плаќање во трговската мрежа и подигнување на готовина од банкомати и шалтери
- Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ
- Овозможена за користење во државата и во странство
- Овозможена за плаќање преку интернет со највисоко ниво на заштита
- Физички полнолетни лица државјани на Република Северна Македонија
- Можност за поставување и управување со трансакциски лимити и блокирање/деблокирање на платежни картички преку e-banking/m-banking на Стопанска банка
Преземете ја апликацијата LoungeKey за да ви помогне побрзо да ги пронајдете деловните зони. Можете да ја преземете апликацијата од App Store или преку Google Play.
Членство и провизии
Членство, провизии и други надоместоци
- 3.600 МКД годишна чланарина (се наплаќа при издавање)
-
1.800 МКД годишна членарина при остварен промет во трговската мрежа над 500.000 МКД во текот на една година
-
0 МКД годишна членарина при остварен промет во трговската мрежа над 1.000.000 МКД во текот на една година
- 0 денари членарина (без годишно членство) за дополнителната картичка
- Еднократен трошок од 300 МКД за изработка на дополнителна картичка
- Без членство за СБ ексклузив клиенти
- БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање на готовина од банкоматите на СБ
- За подигање на готовина од банкоматите на други Банки во Р.Северна Македонија денарската сметка се задолжува со провизија од 2% од подигнатиот износ, но не помалку од 70 денари.
- За подигање на готовина во странство денарската сметка се задолжува со провизијата од 2.5% мин. 250 МКД од подигнатиот износ.
- 0 денари членарина (без членство) за дополнителната картичка.
- Издавање на нов ПИН изнесува 200 МКД
- Трошокот за реиздавање на картичка поради кражба, губење, оштетување или промена на податоци изнесува 350 МКД
- Трошокот од 100 МКД при обнова на картичката (трошокот се наплаќа еднаш на 5 години, при изработка на нова картичка)
Документи
- Физички лица државјани на Република Северна Македонија
- Лица над 18 години
- Важечка лична карта или пасош
- Лично потпишано барање за Mastercard Platinum дебитна картичка
Најчесто поставувани прашања
Одредени LoungeKey локации може да применуваат дополнителни услови, ограничувања за пристап, минимален износ на потрошувачка, ограничено работно време или други правила утврдени од страна на давателот на услугата.
Доколку не се почитуваат условите наведени во LoungeKey апликацијата за конкретната локација, користењето на услугата може да биде наплатено согласно важечките услови на LoungeKey програмата и/или на давателот на услугата. Конечната одлука за одобрување на пристапот и условите за користење ги определува давателот на услугата на самата локација.
Постојат два начина за пристап до салоните. Прво, можете едноставно да ја покажете вашата Mastercard Platinum картичка на персоналот во салонот. Или алтернативно, можете да го покажете вашиот дигитален код за пристап до салонот, достапен откако ќе се регистрирате на веб-страницата или на мобилната апликацијата "LongueKey".
Да. Можете да пристапите до деловните зони на аеродром едноставно со тоа што ќе ја покажете вашата платежна картичка Mastercard Platinum на персоналот во салонот, некои салони може да ви побараат да го приложите и вашиот билет за лет.
Да, доколку сте ги искористиле своите бесплатни влезови тие ќе бидат обновени во новата календарска година. Доколку го надмините бројот на бесплатни влезови, секој влез ќе ви биде наплатен од вашата сметка.
Да, со вас може да пристапат и гости, со што Вашиот број на преостанати бесплатни пристапи во деловните зони соодветно ќе се намали.
Да, можете да пристапите до деловните зони со вашата дополнителна Mastercard Platinum картичка со што бесплатните влезови се трошат заеднички. Секој влез со било која од основна или дополнителна картичка се одзема од вкупниот број на дозволени бесплатни влезови на вашата сметка.
Не сите аеродроми имаат деловна зона. Ве молиме користете ја веб-страницата или мобилната апликација "LoungeKey" за да пребарувате и да пронајдете деловна зона, доколку има на вашата локација.
Ова може да ви се случи доколку се обидувате да влезете во деловна зона која не е во програмата на LongueKey, осигурајте се преку апликацијата или веб-страницата на LoungeKey дека салонот во кој сакате да пристапите е дел од програмата.
Секој салон има свои политики во врска со должината на престојот. Ве молиме проверете ги информациите за салонот на веб-страницата или апликацијата "LoungeKey" за да ги потврдите политиките и условите на секој поединечен салон.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на



