

Потрошувачки кредит
Обезбеден потрошувачки кредит за клиенти со станбен кредит во СБ
Обезбеден потрошувачки кредит за клиенти со станбен кредит во СБ
Карактеристики
ПРОМОТИВНО
Сите апликации примени од 23.03.2023 до 30.06.2023 добиваат:
- 100% ослободување од административните трошоците
- 100% ослободување од трошоци за процена
- 100% ослободување од нотарски трошоци ( за износи над 15.000 еур)
Предности на производот
Рок на отплата од 3 до 20 години
- Износ до 80.000 ЕУР (во денарска противвредност)
- Средствата од одобрениот кредит се исплаќаат на трансакциска сметка на физичкото лице во СБ
- ЕУР: денарски кредит со девизна клаузула
- Гарантирана каматна стапка за првите 5 години
- Можна отплата со траен налог или преку i-банк системот на СB
- Дополнителен износ над износот на станбен кредит во СБ
- БЕЗ депозит, БЕЗ жиранти, БЕЗ административни забрани, БЕЗ меница
- Ко-кредитобаратели може да бидат и лица кои не се членови на потесното семејство
- Брза и едноставна процедура ( првично пред-одобрување за 24 часа)
- Без трошоци за аплицирање доколку истовремено се аплицира и за станбен кредит
- Со секоја одобрена апликација - предодобрена кредитна картичка со лимит во зависност од износот на кредитот
Ценовни услови
- За кредити со животно осигурување ЕУР:
- 3,50% фиксна за 5 години со плата/пензија во СБ
- 4,30% фиксна за 3 години, за клиенти без плата/пензија во СБ
- За кредити БЕЗ животно осигурување ЕУР:
- 3,70% фиксна за 5 години за клиенти со плата/пензија во СБ
- 4,50% фиксна за 3 години, за клиенти без плата/пензија во СБ
- Променливи каматни стапки за кредити кредити со/без животно осигурување
- 6,50% променлива за останатиот период за клиенти со плата/пензија во СБ
- 7,22% променлива за останатиот период за клиенти без плата/пензија во СБ
- За целосна или делумна предвремена отплата, 0% провизија доколку истата се врши во период по првите 20% од иницијално договорениот рок на отплата, во спротивно провизијата изнесува 3% (само за кредити обезбедени со залог на недвижен имот).
- Доколку со станбениот кредит за кој се аплицира истовремено со Потрошувачкиот обезбеден, се рефинансира станбен кредит од други банки во Стопанска банка:
- 0 ден. трошок за воспоставување на нотарски акт и упис на хипотеката во катастар (доколку двата кредити се на ист нотарски акт)
- 0 ден. трошок за проценка на имотот кој се остава под хипотека
- 0% администартивни трошоци
- Апликативен трошок од 0 МКД за сите клиенти само доколку истовремено се аплицира за станбен и потрошувачки обезбеден кредит. Во спротивно трошокот изнесува 600 МКД
- Административни трошоци: 1.25% еднократно од износот на одбрениот кредит:
- Tрошоци за проценка: 2.500 МКД еднократно, на имотот кој се остава под хипотека
- Трошоци за осигурување и регистрација на хипотека
- Трошоци за воспоставување нотарски акт.
- 400 МКД трошок за генерирање на Имотен Лист
- Хипотека на недвижен имот во вредност од 133%-154% од износот на кредитот, во зависност од локацијата на недвижноста
Критериуми
- Физички лица, резидент
- Минимален месечен приход од 9.100,оо денари за секој учесник во кредитот поединечно.
- Возраст на клиентот при аплицирање е мин. 20, а максимум 70 год на денот на достасување на кредитот. Доколку е вклучен минимум еден ко-кредитобарател максималната возраст на денот на достасување на кредитот е 75 години.
- Ко-кредитобарател покрај лице кое е член на потесно семејство (родител, дете, сопруг/a) може да биде и лице кое ги исполнува следните услови:
- да е клиент со плата во СБ, или
- да е клиент со постоен кредитен производ во СБ или во друга банка, со добра кредитна историја.
- Физички лица кои се државјани на Р. Северна Македонија, а се вработени во странство, може да се прифатат како кредитибаратели /ко-кредитобаратели само во случаи кога членови од потесното семејство кои се во редовен работен однос во Р.С.М. се јавуваат како кредитибаратели/ко-кредитобаратели.
Документација
- Барање за потрошувачки кредит (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
- Копија од лична карта или пасош (за кредитобарателот, ко-кредитобарателите и хипотекарниот должник)
- За клиенти кои земаат плата во СБ, потребно е само извод од трансакциска сметка за последните 3 месеци
- сите останати –Чек од пензија / Потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а по потреба и други документи за доказ за висина на месечни примања.
- Извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци) / венчани издаден од РМ (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
- За обезбедување куќа, земјиштето да биде со право на сопственост или со право на долготраен закуп
- Согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД - Скопје (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
- Други документи по барање на банката
За дополнителни информации обратете се на