header image header image

Штедни сметки

За производот

Карактеристики

  • Сметка по видување
  • Физички лица резиденти и нерезиденти
  • Уплати во готово, во сите филијали на кој било шалтер на СБ
  • Пренос на плата од работодавец
  • Пренос од друга сметка во СБ
  • Пренос од сметка во друга банка
  • Исплати во готово, во сите филијали на кој било шалтер на СБ
    • со пренос на средства на друга сметка во СБ, или во друга банка 

Соопштување податоци за штеден влог

  • ако сопственикот на влогот ѝ дал писмена согласност на СБ за откривање податоци
  • на писмено барање, или налог од надлежниот суд
  • по писмено барање на Народна Банка на РСМ за потребите на супервизијата, или на друг орган овластен со закон
  • ако податоците се соопштуваат на Дирекцијата за спречување перење пари, во согласност со закон

Исплати од штеден влог на починат комитент

  • Во случај на смрт на комитент престанува правото за располагање со влогот на лицето што е ополномоштено за располагање.
  • Во СБ може да се исплати од влогот пред да се поведе оставинска постапка, на име трошоци за погреб на починатиот

Овластување

  • Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на отворање на влогот, или дополнително, во кој било период.

Постапка со загубена штедна книшка, договор, картичка за депозит
Сопственикот/ ополномоштеното лице за располагање со депозитот писмено пријавува во филијалата на СБ дека е изгубен соодветниот документ, со цел веднаш да се изврши замена со нов документ. Ако сопственикот сака, може да се изврши:
- блокада на средствата во рок што тој ќе го одреди
- да се затвори сметката и салдото да се пренесе на нова сметка

Извод за состојба на депозитна сметка на која е издадена картичка
Се издава на кој било шалтер на СБ на барање на сопственикот на депозитот, или овластеното лице за располагање со депозитот, со презентирање документ за идентификација и со картичка за сметката / идентификациска картичка

Траен налог за плаќање
Сопственик на депозитна сметка/ овластено лице за располагање со депозитната сметка, може да даде траен налог во филијала на СБ за плаќање одредени услуги, или за пренос на средства на друга одредена сметка во СБ за плаќање / пренос секој месец, при што може:
- да го одреди и датумот и износот за плаќање / преносот 
- или да ја овласти СБ од сметката да плати на ден и износ, наведен во документот за плаќање, издаден од правното лице на чијашто сметка се врши плаќањето со трајниот налог.
Трајниот налог се реализира ако на сметката има средства за целосна реализација.
Траен налог даден во СБ може да отповика сопственик на депозит / овластено лице за располагање со депозитот со неограничено право на располагање.

Затворање денарски штеден влог / депозит по видување може да се изврши:

  • на барање на сопственикот на депозитната сметка
  • по оцена за неактивност на сметката, во согласност со одлуката на орган на СБ
    За спроведување на затворањето, на барање на сопственикот се презентира штедна книшка / договор за депозит, се проверува состојбата на депозитот и обврските по сметката. Ако комитентот има обврски од депозитот кон СБ, или на депозитот се ставени обврски на комитентот кон други физички и правни лица на основа на решенија на надлежни органи во Република Северна Македонија, не може да се спроведе затворањето

Каматни стапки

Каматните стапки се годишни, променливи.

Пресметка и исплата на камата

  • Каматата се пресметува од денот на уплатата до денот на исплатата, со примена на каматна стапка утврдена со одлука на СБ.
  • Пресметувањето на каматата се врши месечно.

Актуелните каматни стапки се достапни на следниов линк.

 

 

 

Документи

  • При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)
  • По отворање на сметката клиентот добива:
    • Договор за штедна сметка и
    • Картичка за идентификација
  • Промените на сметката се следат преку месечен извод на барање на клиентот на било кој шалтер на Банката.
  • Сопственикот / ополномоштеното лице за располагање со депозитот во филијалата на СБ презентира:
    • документ за идентификација
    • штедна книшка, ако е издадена на тој депозит
    • картичка за сметка, ако е издадена на тој депозит
  • Исплати може да се извршат и без да се презентира штедната книшка, но во тој случај комитентот е должен да презентира идентификациска картичка издадена од СБ и дополнително да ја достави штедната книшка за да се ажурираат настанатите промени. Одговорноста за ажурирањето на штедната книшка е на сопственикот на депозитот.
Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.