Дигитално банкарство
e-banking
Предности и функционалности
Е-banking сервисот на Стопанска банка ви овозможува од дома, од канцеларија или од било кое место со пристап до интернет, да извршите увид во состојбите и извештаите за вашите сметки и вашите кредитни и депозитни производи во Банката или да извршувате трансакции од вашите сметки. За да пристапите на сервисот користете го копчето Е-најава позиционирано десно на врвот на екранот, додека за негово користење потребно е да имате активиран м-токен кој е интегриран во мобилната апликација на Банката.
ПРЕДНОСТИ
Удобност и флексибилност со користење на различен уред (таблет, компјутер или лаптоп со интернет)
Директен пристап преку линк, без посебна апликација
Пониски провизии од шалтерските
Едно корисничко име за пристап до сите сметки на кој сте овластени
ФУНКЦИОНАЛНОСТИ
Увид во состојбата на вашите сметки
Листа со трансакции со напредно пребарување
Детали за депозитни и кредитни производи (амортизациони планови, листи на уплати, каматни стапки и сл.)
Плаќања
Интерни плаќања кон сметки во СБ
Интербанкарски плаќања кон сметки во друга банка
Кон буџетски корисник
Збирен налог (плата, плаќање на данко, кирија и сл.)
Менувачница
Девизни плаќања, дознаки во странство
Режиски трошоци
Дополнителна уплата на депозит во СБ
Отплата на рата за кредити и кредитни картички во СБ
24/7 трансфери кон интерни сметки на физички лица
Ажурирање на клиентски податоци
Апликација за дебитна картичка (Mastercard Debit, TOPSI MasterCard, VISA Internet) преку e-banking
Подесување на I-bank лимити на сметка (по трансакција, месечен)
Евидентирање на траен налог за орочени депозити од видот Штеден план или Пчелка
Управување со трансакциски лимити за користење на платежната картичка во земјата и странство
Блокирање/Деблокирање на картичка
Распределба на девизни приливи
Можност за отварање на орочен депозит 12/13 и 18/20
Регистрација на налози со иден датум (одложени плаќања)
Можност за повторна употреба на веќе реализиран налог за креирање ново плаќање
Можност за креирање на шаблон
Регистрирање
Услугите во рамките на Е-Регистрација (Е-ПИН) се достапни за клиенти на СБ со активна платежна сметка, активна платежна картичка и ажурирани податоци! Регистрацијата на една од наведените услуги е брзо, безбедно и лесно потребно е само да ги следите чекорите согласно одбраната опција!
________________________________________
Биди корисник, регистрирај се веднаш и добиј корисничко име, иницијална лозинка и активациски код!
Имаш проблем со плаќање или нов мобилен уред, побарај нов активациски код за Реактивирање/замена на М-токен?
Заборавена лозинка или корисничко име?
Доколку имате заборавено лозинка или корисничко име за најава за да ги дознаете односно ресетирате самостојно, користете ги копчињата подолу. Овие услуги се достапни онлајн во било кое време.
Дознај корисничко име Промена на лозинка
Насоки за користење
Користењето на е-banking услугата е едноставно - не ви се потребни инсталации и подесувања, можете да ја користите од сите оперативни системи и преку сите интернет пребарувачи со најава на сервисот.
Доколку сепак ви е потребна помош при користење на e-banking услугата, обратете се на нашиот Контакт Центар на 02/3100 109 или испратете испратете e-mail на адресата kontaktcentar@stb.com.mk во било кое време од денот,
ЧПП Прашања за i-bank
Безбедносни препораки
Тарифник и термински план
од понеделник до петок | сабота | Провизија | |
Интерни налози од/кон клиенти - физички лица со платежна сметка во СБ | 24/7 | 24/7 | 0 ден. |
Интерни налози | од 07:45 до 18:00 часот | од 07:45 до 13:00 часот | Без провизија |
1 МИПС | од 07:45 до 16:15 часот | / | 50,00 ден. |
2 КИБС | од 07:45 до 14:20 часот | / | 14,00 ден. |
Надоместок за прво издавање на М-токен | / | / | 100,00 ден еднократно годишно доколку не се направи барем еден налог во тековната година. *Ослободени од трошок клиенти на возраст до 28 и над 64 години и корисници на ПСОФ и ПСОФ.СОЦ. |
Надоместок за користење на дигиталните услуги | Се задолжуваат клиенти кои имаат успешно активиран M-токен на мобилната апликација-корисници на мобилна апликација | Се задолжуваат клиенти кои имаат успешно активиран M-токен на мобилната апликација-корисници на мобилна апликација | 35,00 ден. месечно *Ослободени од трошок клиенти на возраст до 28 и над 64 години и корисници на ПСОФ и ПСОФ.СОЦ. |
Надоместок за користење на дигиталните услуги ( со вклучени дигитални паричници ) | Се задолжуваат клиенти корисници на мобилна апликација со успешно дигитализирана картичка и/или успешна трансакција со истата | Се задолжуваат клиенти корисници на мобилна апликација со успешно дигитализирана картичка и/или успешна трансакција со истата | 50,00 ден. месечно *Ослободени од трошок клиенти на возраст до 28 и над 64 години и корисници на ПСОФ и ПСОФ.СОЦ. |
*Доколку клиентот нема активност подолго од 12 месеци, банката може да го деактивира токенот – а корисникот може во секое време да направи нова рекативација со посета на филијала на Банката или преку онлајн банкарските услуги достапни на веб страната на СБ.
Видео упатства
Нашиот YouTube канал постојано го збогатуваме со видео упатства за бројните функционалности на дигиталните услуги. Подолу е листа на најгледаните упатства:
- Како да станам корисник на дигиталното банкарство?
- Како да се регистрирате за OTP токен?
- Како да плаќате со M-токен на e-banking?
- Како да промените заборавена лозинка или да дознаете заборавено корисничко име?
- Како да добивате известувања за промена на состојба на сметка?
- Ажурурање лични податоци преку e-banking?
- Блокирање и деблокирање на картички преку дигиталните услуги?
- Менувачница - како да купувате и продавате девизи од сопствени сметки?
Промени во платен промет
Информација за промени во домашниот платен промет во сила од 09.11.2026 година
Согласно најавените законски измени кои стапуваат на сила од 09.11.2026 Банката спроведе прилагодување на своето дигитално банкарство како и во системите кои се користат на шалтерите во филијалите.
Преку шалтерите и преку дигиталното банкарство тековните платни инструменти ќе бидат во примена заклучно со 06.11.2026, по што со следниот работен ден 09.11.2026 во примена ќе влезат новите платежни инструменти.
Претстојните измени кај налозите во филијалите и на дигиталното банкарство (електронско и мобилно) се направени согласно новите хартиени обрасци, и тоа во типот на инструментот (КТД/КТБ/ЗКТ), називите и позицијата на одделни полиња. Овие приспособувања не претставуваат суштинска промена на договорениот начин на доставување и авторизирање на платежните налози преку дигиталното банкарство.
Упатство за нови платни налози и шифри
Ги издвојуваме важните промени:
1) Во полињата „Платежна сметка на плаќачот“ и „Платежна сметка на примачот“ се дополнува фиксната ознака MK07, со која постојниот ББАН се прикажува како ИБАН во платниот налог и нема потреба да ја внесувате оваа ознака.
2) Податоците што досега се прикажуваа како „Цел на дознака“, „Повикува на број одобрува“ и „Повикува на број задолжува“ ќе се прикажуваат во полето „Опис на плаќањето“. Во упатството достапен е на сликовит начин стариот и новиот изглед на платежниот инструмент со цел понатамошно и уедначено користење на овие полиња кои поблиску го определуваат описот на плаќање за примателот, но и за ваша интерна евиденција (види упатство).
3) Шифра за целта на плаќањето
За денарските плаќања се воведуваат нови шифри од четири латинични знаци — букви согласно стандардот ISO20022
Листа на шифри за опис на плаќања нови согласно ISO20022 стандардот
Со цел полесно препознавање и премин кон новите шифри на плаќање, во продолжение листа со најчесто користени шифри мапирани со стари и нови вредности.
Листа на најчесто користени шифри мапирани со нови
Дополнително, ве информираме дека согласно регулативата, шифрата за целта на плаќањето не е задолжителен елемент за прием и извршување на налогот. Доколку таа не е внесена од страна на корисникот, Банката смее по сопствен избор да додели шифра согласно ИСО стандардот или да го проследи платниот налог кон платните системи без нејзино пополнување.
Импорт на налози
За корисниците на дигитално банкарство кои внесуваат налози за плаќање со прикачување датотека, Банката ќе овозможи во преоден период, но не подоцна од 30.04.2027, системски промена на старата шифра на плаќање во шифра за плаќање согласно ИСО стандардот. Корисникот е потребно да го провери налогот пред негово авторизирање. Вака изменети шифри по одобрен налог ќе бидат прикажани на Изводот од денарската сметка. На следната локација се достапни техничките упатства за импорт на налози (тука линк до старите и новите упатства)
Извод од сметка
Во Изводите за платежни сметки кои се прикажуваат на дигиталното банкарство се додава бројот на сметката и во ИБАН формат.
Фајловите за преземањето на Изводите ќе ги содржат новите шифри, но Банката ќе овозможи Референтен извод со кој ви стојат на располагање старите шифри и фајлови за преземање за натамошна обработка во вашите системи до целосно прилагодување.
Ве молиме навремено да ги запознаете вашите вработени кои се задолжени за подготовка и авторизирање на налози преку дигиталното банкарство, како и техничките служби за евентуално прилагодување.
За дополнителни информации, преку филијалите и нашиот контакт-центар, остануваме на располагање и во поддршка на преминот и прилагодувањето кон новите платни инструменти во примена за целиот банкарски систем.