Потрошувачки кредит
Кредит за млади без обезбедување
Кредит за млади без обезбедување
Карактеристики
ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ЗА МЛАДИ БЕЗ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
Компаративни предности
-
Наменски кредит со поволни ценовни услови наменет за лица од наполнети 18 години возраст до и со наполнети 35 години возраст на датумот на аплицирање (краен корисник на кредитот)
-
Без трошоци за предвремена отплата
-
Можност за вклучување на осигурување од незгода
-
Можност за вклучување на животно осигурување
Износ
Денарски кредит од 15.000 до 300.000 МКД односно од 300.001 до 1.500.000 МКД
Денарски кредит со девизна клаузула од 250 до 5.000 ЕУР, односно од 5.001 до 25.000 ЕУР
Исплата
Средствата од одобрениот кредит се исплаќаат на платежната сметка на физичкото лице во СБ, од каде што се пренесуваат на продавачот/давателот на услуга
Валута: Денарски кредит, денарски кредит со клаузула во евра
Намена на кредитот
- Високо образование во земјата
- Високо образование во странство
- Апсолвентска екскурзија
- Постдипломски студии
- Докторски студии
- Стручно усовршување (специјализации, ИТ Академии итн.)
- Work & travel програми
- Полагање возачка дозвола (B, C, D, E категорија)
Ценовни услови
Годишни каматни стапки
| Останати клиенти | со плата/пензија во СБ | Клиенти вработени во јавен сектори и компании со повластени услови | |
| Фиксна каматна стапка за 5 г. во MKД / ЕУР - без осигурување | 4.20% | 3.50% | 3.50% |
| Фиксна каматна стапка за 5 г. во MKД / ЕУР - со осигурување од незгода | 4.00% | 4.00% | 4.00% |
| Фиксна каматна стапка за 5 г. во MKД / ЕУР - со животно осигурување | 3.80% | 3.80% | 3.80% |
| Променлива каматна стапка во MKД / ЕУР | 8.50% | 7.65% | 7.23% |
Рок на отплата (зависно од изнoсот на кредитот)
- за денарски дредити: Минимум 6 месеци а максимум до 91.500 МКД - 60 месеци. Од 91.501-300.000 МКД до 84 месеци
- за денарски кредит со девизна клаузула од 6 до 120 месеци
Отплата
Еднакви месечни ануитети.
- За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата со траен налог или преку дигиталните услуги на СБ
- За целосна или делумна предвремена отплата, 0 % провизија доколку таа се врши во период по првите 20 % од иницијално договорениот рок на отплата, во спротивно провизијата изнесува 3 % (само за кредити обезбедени со залог на недвижен имот).
Трошоци
- Апликативен трошок од 600 МКД за сите клиенти
- 2.000 МКД трошок за обработка на барањето вклучен во износот на кредитот
- За кредити над 920.000 МКД нотарски трошоци за солемнизација на договорот за кредит
- Од 610.000 МКД до 920.000 МКД согласност од брачен другар.
Критериуми и документација
-
Мора да биде вклучено физичко лица резидент, во редовен работен однос
-
Крајниот корисник на кредитот може да биде невработено лице и во тој случај како кредитобарател може да се јави било кое лице прифатливо за Банката, додека крајниот корисник мора да биде вклучен во кредитот како кокредитобарател
-
Минимален месечен приход:
За кредити до 610.000 МКД/10.000 ЕУР:
- мин. приход 12.000 МКД за сите клиенти и пензионери во други банки
- мин. приход 10.000 МКД за пензионери во СБЗа кредити од 610.001 МКД/10.000 ЕУР до 920.000 МКД/15.000 ЕУР
- мин. приход 24.000 МКД за кредитобарателот. Доколку приходите се до 30.000 МКД мора да биде вклучен кокредитобарателЗа кредити од 920.001 МКД/15.001 ЕУР до 1.200.00 МКД/20.000 ЕУР
- мин. приход 30.000 МКД за кредитобарателот. Доколку приходот е до 36.000 МКД, мора да биде вклучен еден кокредитобарател со мин. приход 15.000 МКДЗа кредити од 1.200.001 МКД/20.001 ЕУР до 1.500.000 МКД/25.000 ЕУР
- мин. приход 35.000 МКД за кредитобарателот. Доколку приходот е до 45.000 МКД, мора да биде вклучен еден кокредитобарател со мин. приход 15.000 МКД. -
Возраст на клиентот:
Крајниот корисник може да има мин. 18 години и макс. 35 години на денот на аплицирање.
Доколку крајниот корисник е лице со наполнети 18 или 19 години возраст, задолжително е вклучување на кокредитобарател.
За клиенти со плата во СБ/клиенти без плата во СБ и клиенти без пензија во СБ, клиентот да биде од 20 години на денот на аплицирање до 67 години на денот на отплата на кредитот (за клиент кој не е во својство на краен корисник).
За клиенти со пензија во СБ, да биде до 67 години на денот на отплата (за клиент кој не е во својство на краен корисник). -
Сопствено учество: Минимум 15 % од износот на Профактурата за кредити во висина над МКД 1.200.000/ЕУР 20.000
-
Освен лице кое е член на потесно семејство (родител, дете, сопруг/а), кокредитобарател може да биде и лице кое ги задоволува следните услови:
- да е клиент со плата во СБ, или
- да е клиент со постоен кредитен производ во СБ или во друга банка и со добра кредитна историја
Потребни документи при аплицирање
-
Барање за потрошувачки кредит*
-
Профактура од продавачот/давателот на услуга
-
Копија од лична карта/пасош*
-
За клиенти кои земаат плата во СБ, извод од трансакциска сметка за последните 6 месеци*
За сите останати: Чек од пензија/Потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од работодавецот (не постара од 30 дена), а по потреба и други документи за доказ за висина на месечни примања за последни 6 месеци. -
Други документи по барање на Банката
-
Извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци)/ венчани*
-
Согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД Скопје
*Се однесува на кредитобарател и ко-кредитобаратели
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на

