Прескокни до содржина
Заштита на лични податоци

Население

Заштита на лични податоци

Барање за остварување права на субјектот на лични податоци

Барање за остварување права на субјектот на лични податоци 

Согласно Глава III (член 16 – член 27) од Законот за заштита на лични податоци, субјектот на личните податоци има одреден сет на законски права кои Банката целосно ги почитува. Конкретно, станува збор за следните права:
- Право на информации и пристап до лични податоци,  
- Право на исправка и бришење, како и право на ограничување на обработката,  
- Право на преносливост на податоците,  
- Право на приговор и автоматизирано донесување на поединечни одлуки.  
 
Она што е важно да се напомене е дека овие права се контекстуални, односно не се апсолутни и содржат одредени ограничувања. На пример, правото на бришење на личните податоци може да се исполни само доколку се исполетни условите од член 21 од Законот за заштита на лични податоци. Или пак, правото на преносливост на податоците се однесува на оние лични податоци кои субјектот ги има дадено на Банката и е остварливо доколку истите се обработуваат врз основа на дадена согласност (што не е најчесто случај во финансискиот сектор) и остварувањето на ова право не смее да влијае негативно врз приватноста на други физички лица. Имајќи го сето ова предвид, пред било кое поднесување на Барање се препорачува претходно заинтересираните субјекти да се консултираат со Офицерот за заштита на личните податоци на Банката или пак да го консултираат Законот за заштита на лични податоци.

На секое целосно и соодветно поднесено Барање за остварување на некој од горенаведените законски утврдени права, Банката ќе одговори откако ќе го потврди идентитетот на Барателот и ќе ги има сите неопходни информации да го процесуира барањето, но не подолго од 30 дена од денот на поднесувањето (освен во исклучителни посложени ситуации за што дополнително Барателот ќе биде известен).

Барањето за остварување на права можете да го најдете и во печатена форма во Филијалите на Банката. Барањето треба лично да го пополните и поднесете во некоја од Филијалите на Банката, пришто е потребно притоа да приложите на увид соодветен и валиден личен документ за иднтификација, со цел овластените лица на Банката да го потврдат Вашиот идентитет. За дополнителни информации во врска со Вашите права можете да се обратите на Офицерот за заштита на лични податоци, на адресата privacy@stb.com.mk  

Барање за остварување права на субјектот на лични податоци 

Брошура “Како Стопанска банка ги користи моите лични податоци“

Политика за приватност на Стопанска банка АД - Скопје

Известување (Privacy Notice) до акционерите за заштита на приватност и лични податоци