header image header image

Општествено одговорни практики

Стратегија

Стопанска банка АД - Скопје е банка со најдолга традиција на пазарот. Формирана во далечната 1944 година, Банката станува нераздвоен дел од развојот и растот на индустриите, на инфраструктурата и на заедницата во целост.

Како Банка партнер на секое семејство и најголемиот дел од компаниите во Републиката, Стопанска банка АД - Скопје постојано вложува во проекти кои адресираат социјални, културни, еколошки прашања и помага во креирањето, одржувањето и развојот на овие проекти преку обезбедување финансиска, советодавна и промотивна поддршка.

Во рамки на организационата структура, Банката секоја година назначува Комисија за спонзорства и донации која има за цел буџетирање, планирање, организација и реализација на општествено одговорните активности со поддршка од Управниот одбор но и од вработените кои неретко волонтерски учествуваат во овие благородни активности.

Комисијата има мандат да изгради годишна програма во рамки на предвидениот годишен буџет и истата да ја презентира за одобрување пред Управниот одбор. Потоа Комисијата има задача да ги процесира пристигнатите барања за поддршка, да ги презентира и да носи одлука за истите, да ја спроведе неопходната документација и да извести за реализацијата на проектот кој бил предмет на поддршка.

Во фокусот на општествено одговорните практики на Стопанска банка АД - Скопје секоја година се наоѓаат:

  • промоција на велосипедизмот
  • инклузија на лица со пречки во развојот
  • здравствените капацитети во земјата
  • децата
  • културата и уметноста
  • спортот и
  • екологијата

Во овие сфери се најголемиот дел од активностите кои Банката ги спроведува или ги поддржува секако оставајќи простор и за проширување на некои од активностите во зависност од приликите.

За спроведените активности Стопанска банка подготвува годишни извештаи кои се дел од извештаите за работењето на Банката и со кои може да се гордееме бидејќи го заокружуваат делувањето на Банката на пазарот и додаваат на вредност на компанијата која преку општествено одговорното однесување ги зацврстува односите со клиентите, со јавноста и со заедницата.

 

Комисија за спонзорства и донации

Комисијата за спонзорства и донации е составена од најмалку 7 членови од различни клучни организациони делови на Банката кои придонесуваат кон поширока перспектива како и разноликост во проектите кои Банката ги поддржува. Од членовите се избира Претседател и Секретар кои понатаму одговараат пред Управниот одбор.

Овој модел успешно се применува со години и овозможува транспарентно и непристрасно одлучување и делување.

Барање за донација/спонзорство

ДОНАЦИИ

Донацијата се дефинира како доброволна и безулсовна помош во пари, добра и услуги која не создава директна корист за давателот ниту обврска за враќање од примателот на донацијата и која може да биде дадена за цели од јавен интерес или за поддршка на активностите на примателот.

Заинтересираните лица може да ја користат формата достапна подолу со цел комплетно поднесување на барањето за донација и успешно разгледување на истото од страна на Комисијата. Некомплетни барања или барања доставени преку други канали нема да бидат предмет на разгледување.

 

БАРАЊЕ ЗА ДОНАЦИЈА

 

СПОНЗОРСТВА

 

Спонзорството се дефинира како доброволна финансиска исплата, давање добра или услуги за конкретен проект или за конкретна активност, кои овозможуваат директна корист на давателот на спонзорството, како промоција на името, фирмата или заштитниот знак.

Заинтересираните лица може да ја користат формата достапна подолу со цел комплетно поднесување на барањето за спонзорство и успешно разгледување на истото од страна на Комисијата. Некомплетни барања или барања доставени преку други канали нема да бидат предмет на разгледување.

БАРАЊЕ ЗА СПОНЗОРСТВО

 

Сите примени барања се разгледуваат на Комисијата за спонзорства и донации а одговор добиваат избраните проекти или проектите за кои Комисијата бара дополнителни информации.

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на