header image header image

12/13 депозит

За производот

Карактеристики

  • Рок на орочување 12 месеци со приход од камата за 13 месеци
  • Клиентот инвестира во орочен депозит на 12 месеци со фиксна каматна стапка за периодот на орочување, при што СБ пресметува камата за уште еден месец дополнително т.е. вкупно за 13-месеци.
  • Бонус каматата се исплаќа на клиентот кога достасува депозитот, т.е. заедно со исплата на каматата за 12-тиот месец.
  • Клиентот има можност при орочувањето да избере:
    • Депозит СО капитализација и месечен припис на пресметаната каматата кон основниот влог што овозможува добивање на повисок износ на камата или
    • Депозит БЕЗ капитализација на каматата – овозможува располагање со пресметаната камата месечно
  • Физички лица резиденти и нерезиденти
  • Период на орочување 12 месеци
  • Валута ЕУР и МКД
  • Минимален износ на вложување 
    • ЕУР - 500
    • МКД - 30,000 
  • Начин на исплата на камата: месечна или на крај на период

Придобивки

  • БОНУС КАМАТА за еден месец дополнително
  • Гарантирани каматни стапки за периодот на орочување на депозитот
  • Сигурна и стабилна банка, банка од доверба
  • Увид во состојбата преку алтернативни канали

Овластување

  • Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во било кој период.

Политика на преорочување и разорочување

Во моментот на склучување договорот клиентот се изјаснува за:

  • Преорочување на главницата (за депозити БЕЗ капитализација)
  • Преорочување на главницата и каматата (за депозити СО капитализација)
  • Преорочување се врши под услови валидни на денот на преорочување. Клиентот може да располага со средствата во секое време во согласност со политиката за предвремено повлекување на депозитот 
  • Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот

Каматни стапки

Годишни каматни стапки, гарантирани за целиот периодот на орочување.

Пресметка и исплата на камата се врши:

  • СО капитализација
    • Каматата се капитализира и припишува кон влогот при што износот на акумулирана камата останува на сметката на орочениот депозит и со тоа месечно го зголемува каматоносниот капитал.
    • Во овој случај клиентот располага со каматата по доспевање на депозитот т.е. истиот ден по истек на 12-тиот месец
  • БЕЗ капитализација
    • СБ врши месечно пресметување на камата и нејзино префрлање на друга сметка за располагање со каматата месечно.
    • Во овој случај клиентот располага со каматата месечно т.е. истиот ден по денот на пресметка на каматата за конкретниот месец

Актуелните каматни стапки се достапни на следниов линк.

Документи

  • При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)
  • По отворање на депозитот клиентот добива:
    • Договор за депозитот и
    • Штедна книшка на барање на клиентот

Пример пресметки

Пример пресметки

 

Забелешка: Износот на вкупната камата се однесува на година со 360 дена, а месеците се земени со 30 дена. Од таа причина, износот на вкупната камата во калкулаторот е помал за околу 0,15% од износот кој реално би се пресметал на клиентот со примена на точниот број на календарски денови во месецот/годината.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.