header image header image

6 и 9 месеци орочен депозит

За производот

Карактеристики

  • Орочен депозит на 6 или на 9 месеци со гарантирана каматна стапка за периодот на орочување
  • Физички лица резиденти и нерезиденти
  • Период на орочување 6 или 9 месеци
  • Валута ЕУР и МКД
  • Минимален износ на вложување
    • ЕУР - 500
    • МКД - 30,000 
  • Начин на исплата на камата: на крај на период

Придобивки

  • Атрактивна каматна стапка за краток рок на орочување
  • Гарантирани каматни стапки за периодот на орочување на депозитот
  • Сигурна и стабилна банка, банка од доверба
  • Увид во состојбата преку i-bank каналите

Овластување

  • Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во било кој период.

Политика на преорочување и разорочување

  • Преорочување се врши под услови валидни на денот на преорочување. Клиентот може да располага со средствата во секое време во согласност со политиката за предвремено повлекување на депозитот.
  • Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот.

Каматни стапки

Годишшни каматни стапки, гарантирани за целиот периодот на орочување.

 

 

 

 

Пресметка и исплата на камата

  • Каматата се пресметува и исплаќа на крајот на периодот на орочување на сметката на клиентот.
  • Коминтентот располага со депозитот и со пресметаната камата на денот на достасаност на депозитот (календарскиот ден).

Актуелните каматни стапки се достапни на следниов линк.

Документи

  • При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)
  • По отворање на депозитот клиентот добива:
    • Договор за депозитот и
    • Штедна книшка на барање на клиентот
Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на