header image header image

Наградна игра со Mastercard

Правила за наградната игра

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

„MASTER ДОБИВКА од Стопанска банка“
Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри (“Сл. Весник на Република Македонија“, број 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/14, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016, 178/2016 и. 251/2022 и “Сл. Весник на Република Македонија” бр.168/24,) се утврдуваат следните правила на наградната игра:
Член 1
ОРГАНИЗАТОР
Организатор на наградната игра „MASTER ДОБИВКА“ (во понатамошниот текст “Наградна игра“) е Стопанска банка АД - Скопје, со седиште во Скопје, ул: 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: ОРГАНИЗАТОР).
Член 2
ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Наградната игра има за цел рекламирање на производите за физички лица од понудата за Мастеркард (Mastercard) кредитни и дебитни картички од Стопанска банка.
Член 3
ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјалното име на Наградната игра е „MASTER ДОБИВКА“.
Наградната игра ќе започне од 1.6.2026 и ќе трае до 31.12.2026 година. Ќе се извлечат 36 месечни парични награди во рок од 6 месеци и седмиот месец ќе се извлечат три главни парични награди.
Член 4
ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Квалификувани за учество во Наградната игра се сите физички лица – државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18 годишна возраст), корисници на некој од производите за физички лица Мастеркард кредитна или дебитна картичка од ОРГАНИЗАТОРОТ. Притоа, за направена безготовинска трансакција во трговија или на интернет во периодот од 1.6 до 31.12.2026 година учесниците добиваат една референца/ учество за извлекување, додека за направена трансакција со дигитализирана Mastercard картичка преку Apple или Google Wallet во периодот од 1.6 до 31.12.2026 година добиваат две референци/ учества за извлекување. Учесниците на деновите на извлекување на наградите не треба да имаат повеќе од 30 дена достасани, а неподмирени обврски кон ОРГАНИЗАТОРОТ кои произлегуваат од користењето на горенаведените производи или други кредитни производи на ОРГАНИЗАТОРОТ и е неопходно да имаат дадено согласност за контактирање во маркетинг цели на ОРГАНИЗАТОРОТ. Доколку биде извлечен добитник со повеќе од 30 дена неподмирени достасани обврски кон ОРГАНИЗАТОРОТ, истиот ќе биде дисквалификуван и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој во целост ќе ги исполнува правилата на наградната игра.
Доколку биде извлечен добитник кој нема дадено согласност за контактирање во маркетинг цели истиот ќе биде дисквалификуван и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој во целост ќе ги исполнува правилата на наградната игра.
Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во Стопанска банка и вработени во Мастеркард (вклучувајќи ги и нивните потесни семејства, и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар/вонбрачен другар).
Едно лице може да биде добитник само на една од паричните награди од наградната игра. Доколку повторно биде извлечено истото лице во кој било циклус на извлекување како добитник, ќе биде заменет со резервен добитник.
Член 5
ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се организира за физички лица – корисници на Мастеркард кредитни и дебитни картички од Стопанска банка АД - Скопје, на територијата на Република Северна Македонија.
Член 6
ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ
Во Наградната игра ќе бидат доделени следните парични награди:
Главно извлекување 15.1.2027:  
  • 1.000.000,00 денари
  • 500.000,00денари
  • 300.000,00 денари

Вкупно 1.800.000,00 денари 

Месечни извлекувања на: 
  • 15.12.2026
  • 16.11.2026 
  • 15.10.2026
  • 15.9.2026
  • 14.8.2026
  • и на 15.7.2026
Месечн фонд на награди: 
  • 2 х 100.000,00 денари, 
  • 2 х 50.000,00 и 
  • 2 х 30.000,00

вкупен месечен фонд 360.000,00 денари

Вкупниот награден фонд изнесува 3.960.000,00 денари. Персоналниот данок ќе биде платен од страна на ОРГАНИЗАТОРОТ.
Рокот за исплата на наградите изнесува 60 дена од денот на извлекувањето. Исплатата ќе се реализира на трансакциска сметка на добитникот.
Член 7
МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Лицата од член 4 став 1, квалификувани за учество во Наградната игра, за секоја безготовинска трансакција направена со Мастеркард кредитна или дебитна картичка во период од 1.6 до 31.12.2026 година, добиваат право на учество.
Член 8
ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО
Наградата ќе биде доделена само ако учесникот е квалификуван, има право на учество и ако целосно ги почитува Правилата на Наградната игра.
Член 9
ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПРЕНОС И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА
ОРГАНИЗАТОРОТ е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и персонален данок.
Наградата не се пренесува ниту се препишува пред претходно доделување на истата. 
Член 10
КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци (име и презиме, ID број, град и број на трансакција со Мастеркард картичка) на учесниците во наградната игра ќе бидат обработувани за целите на реализацијата на наградната игра од страна на Банката, и тоа за избор на добитниците; а по извлекувањето на добитниците, за објава на веб страницата на Банката stb.com.mk и на профилите на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, LinkedIn) ќе бидат користени личните податоци (иницијали, последните 4 броеви од платежната картичка и град), врз основа на претходно слободно дадена согласност за контактирање во маркетинг цели што е дел од формата за ажурирање на лични податоци во Банката. 
Пристап до личните податоци имаат само овластени лица од страна на Банката. Обработката на податоците од страна на Банката е со цел полесно да се реализира и обработи секој добитник индивидуално во наградната игра. Банката гарантира и ги презема сите технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од нивна измена, нелегален пристап, неовластено јавно објавување, бришење или уништување. Податоците ќе се користат само за целите на Наградната игра. Учесниците имаат право на пристап, исправка и бришење на личните податоци како и право на приговор.
Личните податоци на добитниците кои ќе бидат јавно објавени на веб страницата и на социјалните мрежи ќе бидат отстранети од истите, во рок од 60 дена по завршување на наградната игра.
Организаторот се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра, согласно закон. Сите учесници во наградната игра за било какви прашања и барања во врска со обработката на личните податоци може да се обратат до Офицерот за заштита на лични податоци преку е-mail на privacy@stb.com.mk.
Учесникот во наградната игра е известен за сите информации согласно Законот за заштита на личните податоци во моментот на собирањето на личните податоци и е запознаен со Политиката за приватност на Стопанска банка, објавени на веб страната на Организаторот.
ОРГАНИЗАТОРОТ има право личните податоци на добитникот да ги користи во своите идни маркетинг активности, по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци. Добитникот со писмен допис има можност во секое време да ја повлече претходно дадената согласност.
Член 11
ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
ОРГАНИЗАТОРОТ има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, по добивање на одобрение од Министерство за финансии со известување до јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.
ПРЕКИН НА НАГРАДНАТА ИГРА
Организаторот може да го прекине спроведувањето на наградната игра во случај на виша сила или технички дефект (прекин на струја и слично) и тоа во периодот потребен за отстранување на последиците од вишата сила, односно техничкиот дефект. 
За прекинот од ставот 1 на овој член одлучува Министерството за финансии по доставено и образложено барање од страна на Организатор. 
Член 12
ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ
Евентуално настанатите спорови помеѓу ОРГАНИЗАТОРОТ и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.
Член 13
ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Извлекувањето на наградите ќе се врши еднаш месечно со почеток во 12:00 часот, во просториите на Стопанска банка, на адреса ул. Филип Втори Македонски бр. 6, 1000 Скопје, и тоа во периодот помеѓу 15-ти и 20-ти во месецот за обезбедените учества на клиентите од извршените безготовински трансакции во претходниот месец:
 
  • Прво извлекување на 15.7.2026 кое ќе се однесува на обезбедените учества на клиентите во периодот помеѓу 01.6.2026 – 30.06.2026
  • Второ извлекување на 14.8.2026 кое ќе се однесува на обезбедените учества на клиентите во периодот помеѓу 01.07.2026 – 31.07.2026
  • Трето извлекување на 15.9.2026 кое ќе се однесува на обезбедените учества на клиентите во периодот помеѓу 01.08.2026 – 31.08.2026
  • Четврто извлекување на 15.10.2026 кое ќе се однесува на обезбедените учества на клиентите во периодот помеѓу 01.09.2026 – 30.09.2026
  • Петто излвекување на 16.11.2026 кое ќе се однесува на обезбедените учества на клиентите во периодот помеѓу 01.10.2026 – 31.10.2026
  • Шесто извлекување на 15.12.2026 кое ќе се однесува на обезбедените учества на клиентите во периодот помеѓу 01.11.2026 – 30.11.2026
  • Седмо извлекување на трите главни награди на 15.1.2027 кое ќе се однесува на обезбедените учества на клиентите во целиот период на траење на наградната игра 01.06.2026 – 31.12.2026
Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор од страна на лице од Банката со помош на специјален софтвер изготвен за таа намена.
Извлекувањето на сите награди ќе се одвива, во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници, и тоа:
1. Двајца претставници од Стопанска банка
2. Нотар од Република Северна Македонија
Дополнително, ќе бидат извлечени и 3 резервни добитници за секој циклус извлекувања.
Член 14
ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА
Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградите на веб страната на ОРГАНИЗАТОРОТ www.stb.com.mk како и на ФБ официјалната страна на ОРГАНИЗАТОРОТ – Стопанска банка – На ваша страна
ОРГАНИЗАТОРОТ ќе го извести добитникот за добиената награда телефонски преку КОНТАКТ ЦЕНТАРОТ на Банката, а доколку добитникот на наградата има дадено своја согласност, ОРГАНИЗАТОРОТ може да ги користи неговите лични податоци и во маркетинг цели.
Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кон добитникот.
Член 15
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА
Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб страната на ОРГАНИЗАТОРОТ  www.stb.com.mk, по добивањето на согласност од Министерството за финансии на Република Северна Македонија, а пред почетокот на Наградната игра.
Член 16
ПРАВО НА ПРИГОВОР
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 дена од денот на објавување на добитниците на наградите да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра, до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка, која е должна во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот писмено да одговори на добиениот приговор.
Член 17
ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во Стопанска банка АД – Скопје (вклучувајќи ги и нивните потесни семејства, и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар/вонбрачен другар). Право на учество немаат ниту вработените во Мастеркард во Република Северна Македонија. 
Доколку извлечениот добитник е дел од оваа група на лица нема да има право на наградата и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој ќе ги исполнува во целост правилата на наградната игра. Добитникот пред да ја подигне наградата ќе потпише потврда дека во своето најблиско семејство нема вработени од Стопанска банка.
Член 18
НАЧИНИ НА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
За известување за Наградната игра ќе бидат користени следните средства:
1. Рекламни пораки на веб страната на Стопанска банка АД – Скопје (www.stb.com.mk) и на веб страници на интернет медиуми
2. Рекламни пораки на ТВ и радио
3. Статични и видео објави на социјални медиуми,
4. Постери и летоци поставени во филијалите на Стопанска банка АД – Скопје,
5. E-mail / директен маркетинг.
Член 19
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра, корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерството за финансии на Република Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на исплатата на наградите.
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ
Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.