Промоции
Стопанска банка х Mastercard
Стопанска банка х Mastercard
Стратешко партнерство со Mastercard
Стопанска банка го проширува стратешкото партнерство со Мастеркард со цел остварување натамошен развој на своите услуги за плаќање и воведување нови производи за картички за физички и деловни клиенти. Проширената соработка е дел од стратегијата на Банката за развој на својата инфраструктура за плаќање и подобрување на дигиталното искуство за своите клиенти.
Стопанска банка продолжува активно да инвестира во развој на нови дигитални услуги и функционалности, со цел да обезбеди уште поедноставно, побезбедно и поефикасно искуство за сите свои корисници.
Како дел од ова партнерство, Банката воведува три нови производи, кои се само мал дел од новините што ќе следуваат како резултат на меѓусебното партнерство во наредните години:
- Mastercard Platinum дебитни и кредитни картички за физички лица
- Mastercard Business дебитна картичка за правни лица но и
- голема наградна игра која ќе трае до крајот на годината
Транзиција кон Mastercard портфолиото
Како дел од партнерството, Стопанска банка ќе ги користи картичките Мастеркард како натамошен чекор во подобрувањето на својата понуда за плаќање во текот на целата година. Клиентите на Банката ќе продолжат да ги користат своите постојни картички сè додека не ја активираат својата нова Мастеркард картичка, добивајќи пристап до поширок спектар на приспособени производи, бенефиции и подобрено искуство подготвено за нивните конкретни потреби.
Замената ќе се врши постепено, со најмалку еден месец претходно известување до клиентите, во согласност со условите на договорот меѓу клиентот и Банката. Клиентите ќе бидат информирани кога ќе биде достапна за подигнување и активирање нивната нова Мастеркард картичка во нивната филијала.
Дополнително, преминот ги зачувува постојните броеви на сметки и основните услови, целиот процес ќе биде бесплатен, а новите картички нудат и продолжен период на важење.
Најчесто поставувани прашања
Оваа промена е дел од стратешкото партнерство на Стопанска банка со Mastercard – една од водечките меѓународни платежни шеми, што во иднина ќе овозможи нови поволности, промоции и напредни технолошки услуги во корист на клиентите. Активноста е дел од долгорочната стратегија на Банката за развој на современа платежна инфраструктура и унапредување на дигиталното корисничко искуство, со крајна цел континуирано подобрување на услугите за клиентите и корисниците на Mastercard картичките.
Согласно рамковниот договор за платежни услуги, Банката има право да изврши замена на платежните картички со друг бренд (платежна шема) со исти или слични карактеристики, со претходно известување на клиентите најмалку 30 дена однапред. Оваа промена е дел од стратешкото партнерство на Стопанска банка со Mastercard – една од водечките меѓународни платежни шеми, што во иднина ќе овозможи нови поволности, промоции и напредни технолошки услуги во корист на клиентите.
Вашата нова Mastercard картичка ќе биде бесплатно издадена, со рок на важност од 5 години и поврзана со истата денарска платежна сметка и ќе Ви овозможи:
- широка меѓународна прифатеност;
- високо ниво на сигурност при онлајн плаќања;
- можност за дигитализација во Google Pay и Apple Pay;
- управување со картичката (блокирање/деблокирање, поставување лимити) преку мобилната апликација;
- како и дополнителни поволности и услуги.
Ви благодариме за разбирањето и за укажаната доверба.
Не, продолжувате да ги користите сите картички на ист начин на сите продажни места, независно дали прифаќачот на картичката/продажното место користи ПОС уред на СБ.
Вашата Visa картичка е всушност реиздадена во Mastercard картичка, но без промени во начинот на функционирање.
Не, сметката останува иста со истите услови за користење
Не, замената е целосно бесплатна.
Во филијала, каде што ќе креирате нов ПИН и активирате картичката, а нашите колеги ќе Ве водат низ едноставната постапка.
Да, Вашата картичка ќе продолжи да функционира нормално до моментот на активирање на новата картичка.
Како Банка, секогаш сме ориентирани кон излегување во пресрет на потребите на нашите клиенти. Ве молиме доставете информации за Вашето отсуство и очекувано враќање во земјата за замената на Вашата постојна картичка со Mastercard да може да биде одложена до периодот по Вашето враќање, за што дополнително ќе бидете контактирани.
Ви благодариме на разбирањето и ви стоиме на располагање за дополнителни информации.
Вашата постоечка Visa картичка ќе биде активна и ќе можете непречено да ја користите се додека не ја подигнете и активирате новата заменска Mastercard дебитна картичка. Дополнително во текот на месец мај ќе добиете известување за датумот од кој картичката ќе биде подготвена за подигнување од посакуваната филијала. Во известувањето ќе биде наведен и краен рок за подигнување.
Во меѓувреме, додека да ја подигнете новата Mastercard картичка, Вашата постоечка Visa картичка ќе биде активна и ќе можете непречено да ја користите, согласно нејзината важност.
Во периодот кој следува ќе добиете известување за замена на сите Ваши Visa картички со соодветни Mastercard картички со исти, слични или подобри функционалности и карактеристики во однос на досега издадените Visa платежни картички. Пред замената на картичките навремено ќе бидете известени, најмалку 30 дена однапред кога Вашата Visa картичка ќе биде опфатена со процесот на замена.
Замената е задолжителна за сите Visa картички по добиено известување од Банката, и не постои можност за нивно задржување. Вашата нова Mastercard картичка ќе биде бесплатно издадена, со рок на важност од 5 години и поврзана со истата денарска платежна сметка, со исти, слични или подобрени карактеристики, во зависност од типот на картичката која се заменува и ќе Ви овозможи:
- широка меѓународна прифатеност;
- високо ниво на сигурност при онлајн плаќања;
- можност за дигитализација во Google Pay и Apple Pay;
- управување со картичката (блокирање/деблокирање, поставување лимити) преку мобилната апликација;
- како и дополнителни поволности и услуги.
Пред да се изврши замената на Visa картичката, испраќаме известување до корисниците кое претставува најава за замена и достава на картичката во филијала која претходно била посетувана од корисникот. Но, како што е наведено во известувањето, доколку сакате да извршите промена на филијала за подигнување на картичката, можете тоа да го направите со јавување во Контакт центарот на Стопанска банка на 02/3100109, но потребно е замената на филијалата да ја направите во дадениот рок од известувањето. Истото можете да го направите и преку e-mail комуникација на kontaktcentar@stb.com.mk, по што новата филијалата која ќе ја посочите ќе биде земена во предвид за достава на новата Mastercard картичка за подигнување.
?
Колку време ја чувате картичката во филијала, во случај да не успеам да ја подигнам во дадениот рок?
Известувањето за замена на картичката кое се испраќа од страна на Банката содржи краен рок за подигнување на заменската Mastercard картичка, по кој Visa картичката ќе биде откажана. Доколку не сте во можност да ја подигнете новата картичка во дадениот рок информирајте ја Банката преку 24/7 контакт центарот на (02)3100 109 или на kontaktcentar@stb.com.mk
Откако ќе ја активирате Mastercard картичката потребно е да ги ажурирате податоците на интернет плаќањата каде имате зачувано картичка за повторени плаќања.
Потребно е да ја додадете новата (заменска) Mastercard картичка во Google Wallet/ Apple Wallet. Доколку Ви е потребна помош во процесот, колегите од филијалата може да Ви помогнат во отстранување на старата картичка и дигитализација на новата картичка во соодветната Wallet апликација.

