Платежни услуги
Mastercard Business дебитна картичка
Mastercard Business дебитна картичка
За производот
Mastercard Business картичката е дебитна картичка што се издава на правни лица-резиденти, преку издавање една или повеќе Mastercard Business картички на вработените, кои картичката можат да ја користат за различни деловни (службени) плаќања на правното лице.
Со Mastercard Business дебитните картички вработените на кои правното лице ќе им издаде картичка имаат постојан 24/7 пристап до средствата уплатени на наменските сметки на секоја од картичките каде било и да се наоѓаат, на повеќе од 20 милиони продажни места или банкомати во светот.
Карактеристики
Плаќање на службените (деловни) трошоци без провизија на повеќе од 20 милиони продажни места во светот
- Секое правно лице може да побара издавање на една или повеќе Mastercard Business дебитни картички (секоја со посебна сметка), кои ќе се користат за извршување деловни (службени) плаќања во рамките на средствата што правното лице ќе ги префрли на секоја од сметките.
- Секоја поединечна Mastercard Business дебитна картичлка е поврзана со посебна наменска сметка.
- Правното лице самостојно управува, односно ги определува износите за трошење (парични средства на располагање) на секоја поединечна Mastercard Business картичка издадена на вработените во правното лице.
- Едноставно следење и управување со сметките и реализираните трошења со Mastercard Business дебитните картички преку e-banking сервисот на Стопанска банка.
- Важност од 5 години, по што автоматски се обновува. Правното лице има право во секое време да побара затворање на една или повеќе Mastercard Business дебитни картички.
Членство и провизии
Провизии
- Купување во трговија БЕЗ ПРОВИЗИЈА
- За подигнување на готовина во денари од банкоматите на СБ провизија од 50 денари.
- За подигнување готовина во денари од банкоматите на други Банки во Р.Македонија провизија од 100 МКД + 1% од подигнатиот износ.
- За подигнување готовина во странство провизијата од 1 EUR +1,5% од подигнатиот износ.
- Дневен лимит за подигање готовина е 60.000 МКД (по барање на сопственикот може еднократно да се промени)
- За одземена картичка од банкомат во странство се задолжува денарската сметка со трошок од 1.000 МКД.
Годишно членство
За правни лица со сметка и работење во Стопанска банка:
- Без членарина за првата година
- 400 МКД годишно за секоја поединечна Mastercard Business дебитна картичка
Употреба и документи
Користење на картичката
- Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 250.000 денари
- Кумулативен износ на трансакции во текот на еден месец во трговија во државата и странство во износ од 600.000 денари
- Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 60.000 денари во државата и странство
Mastercard Business дебитната картичка може да се користи на домашни и странски интернет - страни за извршување на e-commerce трансакции со високо ниво на безбедност.
Потребни услови и документи
- Сметка во Стопанска банка
- Тековна состојба не постара од 6 месеци
- Барање и овластување (на пропишан образец од Банката) за издавање Mastercard Business дебитна картичка за најмалку едно лице, пополнето од законскиот застапник на деловниот субјект
Барање за Mastercard Business дебитна картичка
Овластување
За дополнителни информации обратете се на

