Маркетинг и ООП
Вози право, вози здраво vol. 10
Вози право, вози здраво vol. 10
За ВПВЗ vol.10
Јубилејното 10 „Вози право, вози здраво“ успешно реализирано
Центарот на Скопје во саботата на 6ти јуни, беше обоен во боите на радоста, насмевките и позитивната енергија на илјадници луѓе кои заедно испратија моќна порака за здрав живот и грижа за животната средина. Јубилејното десетто издание на настанот „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка донесе рекордни 10.000 пријавени учесници и уште еднаш потврди дека станува збор за еден од нашите најомилените и најмасовните настани во земјата.
Јубилејната десетка беше одбележана на начин што долго ќе се памети. Во преполниот Градски парк, 10.000 учесници заедно со групата „Допамин“ го приредија најголемото караоке шоу досега, изведувајќи ја химната на „Вози право, вози здраво“, специјално напишана и компонирана за ова јубилејно издание. Илјадници гласови обединети во една песна создадоа единствен момент на кулминација на прекрасниот ден и претставуваше вистинска прослава на десетгодишната приказна на настанот.
Уште на самиот старт, просторот кај Порта Македонија беше исполнет со семејства, деца, рекреативци и вљубеници во активниот начин на живот, а за атмосферата беше задолжен DJ Коко. Велосипеди, тротинети, ролерки, скироли и бебешки колички се наредија на стартната позиција, а долгата колона учесници се движеше низ централното градско подрачје кон Градскиот парк. Насмеани лица и добро расположение ја следеа целата рута.
За одличната атмосфера во текот на целиот настан се погрижија водителите Марко Марк и Дaниела Станоевска Џидрова заедно со актерот Гораст Цветковски, кои со својата енергија ги водеа илјадниците учесници низ програмата. На сцената традиционално беше присутен и Цако, долгогодишен пријател и поддржувач на настанот, кој повторно беше меѓу најзаслужните за насмевките на најмладите посетители, а секако тука беше и DJ Иван кој е на ВПВЗ настанот уште од првото издание.
По пристигнувањето во Градскиот парк следуваше голема забава за сите генерации. Просторот беше исполнет со музика, игра и бројни содржини. Најмладите уживаа во дружењето со омилениот Петко и јунаците од 5+ Фамилија, додека сетовите на диџеј Иван ја одржуваа енергијата на високо ниво до самиот крај на настанот. Илјадници учесници го искористија денот за дружење, фотографирање и создавање спомени кои ќе ги паметат долго време.
Посебна возбуда предизвика традиционалната лотарија, која оваа година донесе најбогат награден фонд во историјата на „Вози право, вози здраво“. Среќните добитници заминаа дома со 10 Specialized велосипеди за деца, 10 GoPro камери, еден Specialized Road Bike, 10 Specialized велосипеди за возрасни, 10 Apple Watch часовници и 10 комплети велосипедска опрема што вклучуваа кацига, синџир за заклучување и предно и задно светло.
„Вози право, вози здраво“ е многу повеќе од рекреативен настан или ревијална трка. Тој стана симбол на заедничка грижа за поздрава животна средина, подобар квалитет на живот и развој на велосипедската култура во градот. Од година во година бројот на учесници расте, а со него и заедницата на луѓе кои веруваат дека малите промени во секојдневните навики можат да создадат голема разлика. Со рекордни 10.000 учесници, најголемото караоке шоу досега и атмосфера исполнета со радост, музика и заедништво, јубилејното „Вози право, вози здраво“ vol.10 испиша ново поглавје во својата приказна и постави високи стандарди за годините што следат.
Фотографиите од настанот се достапни на Facebook страницата на Банката.
Извлечени стартни броеви од лотаријата
10 комплети (кацига, ланец за велосипед, предно и задно светло)
- 4824
- 0011
- 1779
- 8326
- 4187
- 1701
- 0294
- 5952
- 4072
- 0836
10 Apple Watch часовници
- 0909
- 7163
- 4358
- 1709
- 6182
- 4145
- 8723
- 7427
- 7477
- 6307
10 GoPro камери
- 4782
- 7515
- 6183
- 0804
- 9222
- 0734
- 1567
- 4097
- 4371
- 1268
10 Детски Specialized велосипеди
- 2637
- 2429
- 0740
- 4064
- 9069
- 7038
- 5533
- 6904
- 7813
- 2645
10 Specialized велосипеди за возрасни
- 7638
- 6991
- 1950
- 7867
- 9664
- 9596
- 0550
- 1063
- 2589
- 3627
1 Specialized Roadbike велосипед
- 7812
Најчесто поставувани прашања
„Вози право, вози здраво“ е ревијална трка на граѓани кои се регистрирале за учество и кои со своите велосипеди, тротинети, ролерки, скироли и бебе колички доаѓаат да возат низ улиците на Центарот на Скопје ослободени од сообраќај.
Настанот е во организација и реализација на Стопанска банка АД - Скопје како дел од долгорочните општествено одговорни практики. Целта на настанот е да се промовира урбан велосипедизам, односно замена на автомобилите и автобусите со урбани превозни средства кои не ја загадуваат животната средина но и придонесуваат за индивидуалното здравје.
Ревијалната трка започнува од Порта Македонија, преку ул. Димитрие Чуповски, се врти десно кон ул. Даме Груев по која се движиме до бул. Илинденска па покрај Влада се движиме до пешачкиот премин за влез во Градскиот парк (кај старо Матично).

Сите лични превозни средства кои не загадуваат се повеќе од добредојдени:
- велосипеди, трицикли, push bikes или велосипеди со помошни тркала и секако електрични велосипеди
- ролерки, скироли, ролшуи
- тротинети на 2, на 3 или на 4 тркала, електрични тротинети (кои ќе возат со разумна брзина)
- родители со бебе колички и слично.
Само едно електрично возило е вклучено, во улога на безбедносно возило кое прво ја поминува патеката. Други возила не вклучуваме во трката, напротив улиците од центарот ги ослободуваме од возила за време на трката и ги освојуваме со нашите превозни средства.
Настанот е целосно инклузивен и добредојдени се сите кои сакаат да ја заживеат културата на урбан велосипедизам и сакаат улици со помалку возила а повеќе насмевки.
Затоа и на настанот организираме вредна лотарија преку која до сега се поделени над 200 велосипеди и други вредни награди.
Како општествено одговорна компанија со повеќе од 80 години искуство на пазарот и пред се како активен дел од заедницата, го креиравме овој проект како иницијатива на нашите вработени и горди сме што веќе 10 години настанот расте и се развива во проект со кој се гордееме и кој ќе остане како значајна нишка во историјата на Банката.
Велосипедизмот во град како Скопје е одлична алтернатива на возилата кои покрај тоа што го загадуваат воздухот, создаваат бучава и неред и почнувајќи од нас самите, се обидуваме да ги замениме со велосипед или тротинет и потивко, помирно и на поздрав начин да дојдеме до работното место и до домот.
Преку #ВПВЗ и донациите кои остануваат за Градот градиме нови генерации на љубители на велосипедизмот и градиме култура со која долгорочно ќе создадеме промена во однесувањето и во квалитетот на животот.
Донациите кои досега произлегоа од #ВПВЗ се:
- Детски вело-паркови во Скопје (Парк Македонија, Парк Сарај, Мега парк Карпош 4 и во општина Кочани)
- pump track во Градскиот парк (TOPSI pumptrack) и кај Олимписки базен
- Сите 23 средни училишта во Град Скопје добија големи паркинзи за велосипеди
- 300 паркинзи на ударни локации во Градот
- 14 станици за самостојна поправка на велосипеди

