

Финансиски пазари
Брокерски услуги
Брокерски услуги
Услуги
Соопштение за поддршка на „Инвеститорски ден“ 18. 9. 2020
За брокерските услуги на СБ може да се информирате во текстот подолу
- Купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот – доставување на налози за тргување: лично, преку филијалите на банката низ земјата или електронски преку E-TRADER
- купување и продавање на хартии од вредност во свое име и за своја сметка;
- управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент;
- вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
- вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
- дејствување како покровител при котација;
- инвестиционо советување;
- извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва;
- чување на хартии од вредност што вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на клиенти во депозитар, отворање и водење на сметки на хартии од вредност и за своите клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот (исплата на достасани побарувања од издавачите врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на тие хартии од вредност, известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија, плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и слично) и
- прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност.
Потребни документи
Потребни документи за физички лица:
- Копија од лична карта или пасош
- Tрансакциска сметка во Стопанска банка или трансакциска сметка во друга банка (единствено за продавачи на хартии од вредност кои немаат трансакциска сметка во СБ).
Потребни документи за правни лица:
- Тековна состојба, не постара од 6 месеци
- Листа на овластени потписници / образец заверен потпис - ЗП
- Копија од лична карта на овластените потписници
- Одлука од фирмата за купување/продавање на хартии од вредност (зависно од статутот, дали е уредено во статутот на фирмата)
- Број на сметка на правното лице (а може да се уплатат средствата директно со образец ПП10 на нашата клиентска сметка - 100000070020077, отворена во Народна Банка на РСМ, со задолжителна копија од уплатницата).
Тарифа
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на