header image header image

Мој план

За производот

Карактеристики

  • Орочен депозит што овозможува неограничен број и износ на дополнителни вложувања за времетраењето на орочувањето на депозитот, без притоа да се разорочи депозитот или да се продолжи периодот на орочување.
  • Физички лица резиденти и нерезиденти
  • Период на орочување: 12, 24, и 36 месеци
  • Валута ЕУР и МКД
  • Минимален износ на вложување, 100 ЕУР или 6.000 МКД
    • Минималниот износ е ограничен само при отворањето на депозитот, односно првото орочување. За дополнителните вложувања нема ограничување на износот
  • Начин на исплата на камата: месечно или на крај на период

Придобивки

  • Неограничени дополнителни вложувања
  • Гарантирани каматни стапки за целиот период на орочување
  • Сигурна и стабилна банка, банка од доверба
  • Увид во состојбата преку i-bank канали
  • Преференцијални каматни стапки за приматели на плата и пензија во СБ

Дополнителни вложувања

  • Можни се неограничени дополнителни вложувања без разорочување на депозитот и без пролонгирање на рокот на достасување на депозитот, при што дополнително вложените средства се додаваат на веќе вложените средства и на вкупниот износ СБ пресметува камата од моментот на вложување на средствата до моментот на достасување на депозитот.

Овластување

  • Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во било кој период.

Политика на преорочување и разорочување

  • Депозитот (главнината) по автоматизам се преорочува под услови валидни на денот на преорочување. Клиентот може да располага со средствата во секое време во согласност со политиката за предвремено повлекување на депозитот.
  • Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот, додека пак за депозитите со месечна исплата на камата за корегираниот износ на камата се намалува депозитот.

Каматни стапки

Годишни каматни стапки, гарантирани за целиот периодот на орочување.

Каматните стапки за приматели на плата и на пензија во СБ се применуваат за сите нови орочени и преорочени МОЈ ПЛАН депозити по 01.01.2014 година.

Пресметка и исплата на камата во зависност од избор на клиентот

  • Камата на крај на период, се пресметува и исплаќа на крајот на периодот на орочување и се префрла на сметката која ја одредил клиентот преку која се располага со исплатената камата.
  • Месечна, се пресметува и исплаќа месечно и се префрла на сметката која ја одредил клиентот за располагање.

Актуелните каматни стапки се достапни на следниов линк.

Документи

  • При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)
  • По отворање на депозитот клиентот добива:
    • Договор за депозитот и
    • Штедна книшка на барање на клиентот

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на