header image

Осигурување од незгода

Незгода или несреќен случај се смета секој ненадеен настан кој настанал независно од волјата на клиентот, кој дејствувајќи од надвор и нагло врз телото на осигуреникот, има за последица негова смрт, целосен или делумен инвалидитет кој бара лекарска помош.

Живееме во динамично време полно со секојдневни обврски, планови и очекувања кои се случуваат во опкружување кое е полно со многу неизвесности кои се надвор од нашето влијание. Окупирани од ваквото секојдневие честопати забораваме дека највредното нешто што го имаме се здравјето и животот.

Незгодата, како несреќен случај, освен болката и грижата со себе носи и материјални предизвици поврзани со дополнителни трошоци. Токму затоа, осигурувањето од незгода е секому корисно , како за заштита на себе така и за семејството од непредвидливи настани. Оваа осигурителна полиса го обезбедува она што е потребно во ваквите моменти - ублажување на финансиските последици од потенцијален штетен настан (незгода).  

Незгода или несреќен случај се смета секој ненадеен и независен од волјата на осигуреникот настан, кој има за последица смрт или делумен инвалидитет, привремена работна неспособност или нарушување на здравјето кое бара лекарска помош. Пример за несреќен случај се: сообраќајна незгода, кршење на коски, удар на електрична струја или гром, паѓање, лизгање, каснување од животни, изгореници и др.

Осигурувањето од незгода може да го добиете во било која од филијалите на Стопанска банка или преку Контакт Центарот, достапно 24/7 на телефонскиот број: (02) 3 100 109.

Осигурувањето од незгода е дел и од кредитната пакет понуда на Стопанска банка, па така доколку се одлучите да аплицирате за потрошувачки кредит со вклучено осигурување од незгода во износ од 400 или 600 денари, Банката ќе го награди вашиот избор со ваучер за попуст за купување на друго осигурување преку Банката во износ од 400 или 600 денари.

 

Да се запрашаме:

  • Дали сме имале повреда при некоја незгода во животот и колкави беа трошоците за лекување?
  • Колку од слободното време го користиме за спорт и рекреација?
  • Дали имаме доволно заштеди за трошоците за лекување од евентуална незгода да не ни ја нарушат финансиската стабилност?
Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на