Безбедни плаќања со картички
Заштита од измами
Заштита од измами
Индентификување на измама
Да се биде добро информиран е една од вашите најдобри заштити од измамници и сторители на финансиски измами. Информациите овде ќе ви помогнат да бидете чекор пред измамите и да избегнете да станете жртва, додека ги користите поддршката и ресурсите на една од водечките банки во државата.
Измамите понекогаш тешко се препознаваат. Измамниците често ќе ве контактираат преку телефонски повици, е-пошта, текстуални пораки, социјални мрежи или други комуникациски канали претставувајќи се како вработени во вашата банка или како некој што го познавате и му верувате и ќе побараат од вас да испратите пари и/или податоци од вашите сметки и/или платежни картички. Затоа е важно да бидете внимателни и претпазливи, почнувајќи со овие корисни совети за избегнување измами:
- Никогаш не ги споделувајте вашите лозинки, PIN-кодови или не дозволувајте далечински пристап до вашите лични уреди - Стопанска Банка никогаш нема да ги побара од вас.
- Погрижете се вашите контакт информации секогаш да бидат ажурирани во Стопанска Банка.
- Преминете на електронски изводи и документи за да го намалите ризикот банкарските и личните информации да бидат украдени или пресретнати преку пошта.
- Активирајте повеќефакторска автентикација (MFA) и други безбедносни функции преку вашиот мобилен оператор и редовно менувајте ги вашите лозинки.
Што може да направите доколку се сомневате на потенцијална измама:
- Веднаш пријавете ја картичката ако е изгубена или украдена, или привремено блокирајте ја од која било причина преку мобилната апликација на Стопанска Банка
- Јавете се во Контакт центарот на Стопанска Банка на телефонскиот број 02 3100 109 доколку:
- Сметате дека сте жртва на измама
- Забележите трансакции на вашата сметка во Стопанска Банка што не ги препознавате, како што се неочекувани плаќања, повлекувања или трансфери на средства.
- Добивате известувања за промени на сметката што не сте ги побарале, вклучувајќи ажурирања на вашите контакт информации.
- Знаете дека сте споделиле доверливи информации со потенцијално сомнителни лица, вклучувајќи ваши лични податоци или податоци за банкарски сметки во Стопанска Банка, податоци за најава во дигиталното банкарство на Стопанска Банка (корисничко име и лозинка) или податоци за платежни картички во Стопанска Банка.
Како ќе ви помогнат нашите агенти:
- Доколку сте ги споделиле вашите податоци за најава, тие ќе ви помогнат да ја промените лозинката за најава во дигиталното банкарство
- Тие, исто така, ќе соработуваат со вас за да ја прегледаат целата неодамнешна активност на вашата сметка и ќе забележат какви било неовластени наплати или трансфери на средства.
Сомнителни пораки/повици
Електронски пораки: На што да внимавате
- Барања да ја споделите вашата лозинка или вашите лични податоци
- Итни пораки кои ве наведуваат веднаш да се најавите, со копче или линк. Бидете особено внимателни со линкови испратени преку легитимни платформи и услуги. Измамниците често ги злоупотребуваат овие канали за да ве наведат да внесете податоци од платежни картички или други чувствителни информации.
- Обрнете внимание на ситните детали — измамничките е-пораки често содржат правописни или граматички грешки.
- Секогаш проверувајте ја адресата на испраќачот — измамничките е-пораки често доаѓаат од адреси што изгледаат речиси идентично со вистинските, но содржат дополнителни букви, изменети знаци или непознати домени. Адресата може на прв поглед да изгледа легитимно, но комбинации од букви може да создадат погрешен визуелен впечаток. На пример адреса која на прв поглед содржи буква „m“ може всушност да биде комбинација од буквите „r“ и „n“ („rn“), што создава впечаток дека станува збор за легитимна адреса.
- Никогаш не отворајте прилози и не кликнувајте на линкови од сомнителни е-пораки.
Текстуални пораки: вообичаени знаци на измама
- Барања да преземете или потврдите активности преку канали различни од дигиталното банкарство на Стопанска Банка или нашата мобилна апликација.
- Итни барања да кликнете на скратени или непознати веб-линкови
- Обрнете внимание на ситните детали — измамничките текстуални пораки често содржат правописни или граматички грешки.
- Никогаш не отворајте прилози и не кликнувајте на линкови од сомнителни текстуални пораки.
Телефонски повици: кога треба да бидете сомничави
- Секој што ќе ве повика и ќе побара ваша лозинка за сметката, PIN-код или други доверливи податоци
- Барања за споделување чувствителни информации преку телефон
- Барања да инсталирате софтвер или да му овозможите на повикувачот далечински пристап до вашата сметка
- Стопанска Банка нема никогаш да ви се јави и да ги побара овие информации.
Со споделување на овие обиди за измама со нас, ни помагате да ги идентификуваме новите трендови во измамничките активности и да развиеме стратегии за нивно спречување. Ве молиме да ги доставувате сите сомнителни пораки на адреса stbfraud@stb.com.mk
Вашата пријава ќе биде разгледана од надлежните служби и значително ќе ни помогне во откривањето и спречувањето на измамничките активности.
Како ве заштитуваме
Од отворање нова сметка до купување во вашите омилени продавници, нашите функции и услуги ви помагаат да останете заштитени. Ова вклучува и биометриска безбедносна технологија, која им овозможува на клиентите да користат отпечаток од прст и препознавање на лице како дополнителен слој на безбедност.
Доколку забележиме одредени трансакции што ги следат моделите кои измамниците најчесто ги користат, може да ви испратиме СМС-порака или е-пошта за да потврдите дали сте ги одобриле тие трансакции. За да бидете сигурни дека ќе ги добивате овие известувања, проверете дали ги имате ажурирано вашите актуелни контакт податоци во Банката.
Доколку ве контактира лице кое тврди дека е претставник на Стопанска Банка:
- Доколку добиете текстуална порака или е-пошта со барање за лични информации, не одговарајте на пораката. Избришете ја и не кликнувајте на никакви линкови.
- Доколку ве контактираат по телефон и побараат да го прочитате еднократниот код за потврда (one-time passcode) што ви бил испратен, не го соопштувајте кодот и не го откривајте вашиот PIN-код. Доколку веќе сте споделиле еднократен код или PIN-код преку телефон, веднаш јавете се во Контакт центарот на бројот 02/3100-109.
Сите сомнителни е-пораки што изгледаат како да се испратени од Стопанска Банка може да ги препратите на адреса stbfraud@stb.com.mk.
Адресата stbfraud@stb.com.mk можете да ја користите и за пријавување сомневање за злоупотреба на банкарски податоци, платежни картички или неовластени активности поврзани со вашите производи и услуги во Стопанска Банка.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на

