header image header image

“Зелен кредит“ со обезбедување

Карактеристики

ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ЗА ЗЕЛЕНО ФИНАНСИРАЊЕ ОБЕЗБЕДЕН СО ХИПОТЕКА

Компаративни предности

  • Наменски кредит со поволни ценовни услови
  • Ко-кредитобаратели може да бидат и лица кои не се членови на потесното семејство
  • Можност за животно осигурување

Износ до 4.920.000 МКД / 80.000 ЕУР

Исплата

Средствата од одобрениот кредит се исплаќаат на платежната сметка на физичкото лице во СБ од каде се пренесуваат на продавачот/давателот на услуга.

Валута: Денарски кредит, денарски кредит со клаузула во евра

Рок на отплата до 20 години

Намена на кредитот

  • Изолација (под, ѕидови, фасада, рекнструкција на кров)
  • Енергетски ефикасни прозорци и врати
  • Печки на пелети
  • Топлотни пумпи
  • Сончеви колектори за греење вода
  • Фотоволтаични системи
  • Системи за вентилација
  • Инвертер клима уреди
  • Други производи или интервенции кои придонесуваат кон поголема енергетска ефикасност
  • Поставување на производи / уреди за енергетска ефикасност
  • Хибридни возила

 

Ценовни услови

Годишни каматни стапки

  Останати клиенти со плата/пензија во СБ Клиенти вработени во јавен сектори и компании со повластени услови
Фиксна каматна стапка за 5 г. во MKД / ЕУР - без осигурување 4.20% 3.60% 3.60%
Фиксна каматна стапка за 5 г. во MKД / ЕУР - со животно осигурување 4.20% 3.40% 3,40%
Променлива каматна стапка во MKД / ЕУР 7.50% 6.75% 6,38%

 

Отплата

Еднакви месечни ануитети.

  • За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата со траен налог или преку дигиталните услуги на СБ
  • За целосна или делумна предвремена отплата, 0 % провизија доколку таа се врши во период по првите 20 % од иницијално договорениот рок на отплата, во спротивно провизијата изнесува 3 % (само за кредити обезбедени со залог на недвижен имот).

Трошоци

  • Апликативен трошок од 600 МКД за сите клиенти
  • Трошок за генерирање Имотен лист 400 МКД за сите клиенти
  • 4.000 МКД трошок за обработка на барањето вклучен во износот на кредитот
  • Трошоци за проценка на имотот кој се остава под хипотека: 2.500 МКД вклучен во износот на кредитот
  • Трошоци за осигурување и регистрација на хипотека
  • Трошоци за воспоставување нотарски акт.

Обезбедување

Хипотека на недвижен имот зависно од локацијата на недвижноста

Кредитни критериуми

Физички лица, резиденти.

  • Минимален месечен приход од 12.000 МКД за клиенти со плата во СБ или друга банка и пензионери во друга банка и 10.000 МКД за пензионери во СБ за секој учесник во кредитот поединечно

Возраст на клиентот:

  • За клиенти со плата во СБ/без плата во СБ – од 20 години на денот на аплицирањето до 70 години на денот на отплатата (доколку се вклучува ко-кредитобарател/и, возраста на еден од учесниците мора да биде до 70 години на денот на отплата, додека возраста на останатите учесници може да биде до 75 години на денот на отплатата.
  • За пензионери – до 70 години на денот на отплата ( доколку се вклучува ко-кредитобарател/и и сите учесници во моментот на аплицирање се пензионери, возраста на кој било од учесниците може да биде до 75 години на денот на отплата).
  • Ко-кредитобарател покрај лице кое е член на потесно семејство (родител, дете, сопруг/a) може да биде и лице кое ги исполнува следните услови:
    • да е клиент со плата во СБ, или
    • да е клиент со постоен кредитен производ во СБ или во друга банка, со добра кредитна историја
  • Физички лица кои се државјани на Р.Северна Македонија, а се вработени во странство, може да се прифатат како кредитобаратели /ко-кредитобаратели само во случаи кога членови од потесното семејство кои се во редовен работен однос во Р.С.М. се јавуваат како кредитобаратели/ко-кредитобаратели.

Документација

Потребни документи при аплицирање

  1. Барање за потрошувачки кредит (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
  2. Про-фактура од продавачот на производите / услугата
  3. Копија од лична карта или пасош(за кредитобарателот, ко-кредитобарателите и хипотекарниот должник)
  4. За клиенти кои земаат плата во СБ, потребно е само извод од трансакциска сметка за последните 6 месеци
    За сите останати: Чек од пензија / Потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а по потреба и други документи за доказ за висината на месечните примања за 6 месеци.
  5. Извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци) / венчани издаден од РСМ (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
  6. За обезбедување куќа, земјиштето да биде со право на сопственост или со право на долготраен закуп
  7. Согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД Скопје (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
  8. Други документи по барање на Банката
Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.