header image

Траен налог

Услугата Траен Налог овозможува автоматски трансфер од вашата сметка кон други сметки во СБ со што ќе заштедите значително време при уплаќање на рати од вашиот кредит, кредитна картичка или одреден износ кон вашиот депозит, режиски трошоци или кон други сметки. За активирање на услугата Траен Налог потребно е да се обратите во најблиската филијала на СБ и да побарате воспоставување на Траен Налог на вашата сметка, согласно Вашата потреба. Со Трајниот Налог ја овластувате Банката автоматски да ги одземе средствата од вашата сметка на предвидениот датум.

Карактеристики

Сопственик на трансакциска сметка во Стопанска Банка или полномошно лице со неограничено право на располагање со средствата на трансакциската сметка, може да даде налог на Банката да во негово име врши плаќања за:

  • Режиски трошоци
  • Обврски по кредити и/или кредитни картички
  • Уплата на Депозит
  • Фиксен износ кон друга сметка
Услови

Трајниот налог ќе се реализира:

  • Од моментот на воспоставување траен налог
  • Кон интерни сметки на банката
  • Само доколку на сметката има доволно средства за потребниот износ
  • Во предвидениот термин или последниот работен ден пред терминот, доколку датумот на терминот е неработен ден
  • До моментот на негово отповикување

Доколку сакате да ја прекинете услугата Траен Налог, потребно е да се обратите во најблиската филијала.

Трошоци

Регистрацијата и користењето на услугата траен налог е БЕСПЛАТНА.

Траен налог за кредитни производи

Траен налог од трансакциска сметка

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на