Прескокни до содржина
Плата Плус

Сметки

Плата Плус

Предности

Изберете ја и вие Стопанска банка за прием на вашите месечни примања и уживајте во поволности со комбинација на атрактивни и конкурентни производи и услуги

Покрај редовните:

  • Повластени променливи каматни стапки за сите кредитни производи во Банката со постојано намалување од 10% во однос на редовните каматни стапки

  • Атрактивни каматни стапки за позитивната состојба на трансакциската тековна сметка на која се прима платата

  • Можност за дозволено пречекорување на трансакциска сметка во висина од приближно 2-3 редовни месечни примања*

  • Брза и едноставна процедура за сите кредитни производи

  • Дебитна картичка без годишно членство за првата година на користење*

  • Широка мрежа на банкомати – подигнување и уплата на готовина и проверка на состојба без провизија

  • Бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена во траење од 365 дена за корисници на кредитните картички*

  • Воспоставување на траен налог од трансакциска сметка без наплата на провизија

Клиентите сега имаат можност да добијат*:

 Опција 1

  • Вкупно 3.000 МКД бонус за добредојде на платежна сметка поврзана со Mastercard дебитна картичка, доколку клиентот потпише изјава за пренос на плата и земе Mastercard кредитна картичка или рефинансира потрошувачки/ станбен кредит од друга банка. Притоа:  

    • 2.000 МКД од бонусот се исплаќаат веднаш, по реализација на условите за користење на понудата

    • Останатите 1.000 МКД се исплаќаат по 12 месеци, доколку клиентот континуирано ја прима платата преку Стопанска банка.

 Опција 2

  • 1.000 МКД бонус за добредојде на платежна сметка поврзана со Mastercard дебитна картичка, доколку клиентот ја пренесе платата во Стопанска банка без отворање на Mastercard кредитна картичка, односно без рефинансирање потрошувачки/ станбен кредит од друга банка.

*За производи од понудата на Банката, за трошоците, надоместоците, СВТ и годишните каматни стапки за истите информирајте се детално на веб страницата, преку 24/7 Контакт центарот (02)3100 109 или во една од нашите филијали. 

Најчесто поставувани прашања

Што е Плата+ ?

Плата плус е пакет за примателите на плата преку Стопанска банка. Истите имаат значителни поволности и можности. Можност за плаќање на редовните месечни обврски преку воспоставување на траен налог на трансакциската сметка без наплата на провизија од имателот на сметката, вклучително плаќање на сметки за комуналии, плаќање на месечните рати за кредитите и кредитните картички и сл. Можност за користење на услугите на дигитално банкарство (e-banking и m-banking) и вршење на следните трансакции: - плаќање сметки за комуналии, трансфери во рамки на интерниот систем на СБ како и кон други банки, плаќање рати за кредити и картички и следење на состојбата на сметките.

Корисниците на нашите картички имаат можност без провизии и дополнителни трошоци преку банкоматите на СБ да ги вршат следните трансакции: повлекување и уплата на готовина, плаќање сметки за комуналии, префрлање средства од една на друга сметка во Банката, плаќање рати за кредити и картички, добивање мини месечен извештај за кредитната картичка

Како да се префрлам со плата во Стопанска банка?

Повелете во една од нашите филијали, отворете денарска трансакциска сметка, поднесете барање за дебитна картичка и бројот на отворената сметка соопштете го на одговорните служби на вашето работно место.