header image

Автомобилско осигурување

АВТООДГОВОРНОСТ – ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Автоодговорноста е законски задолжително осигурување кое секое возило мора го поседува при годишната регистрација. Премијата (цената) на ова осигурување е државно регулирана и е иста во сите осигурителни компании.

Со оваа полиса за осигурување ја пренесувате Вашата одговорност за штетите што со возилото би можеле да ги направите на „трети лица“, односно на другите учесници во сообраќајот, а согласно условите за осигурување на оваа полиса. Во таков случај, осигурителната компанија ја превзема одговорноста за надомест на штетата (материјална и нематеријална) кон другите учесници во сообраќајот што била причинета со вашето возило.

Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку за времетраењето на претходната полиса не сте предизвикале штети кон трети лица.

Зошто да купите полиса за осигурување од Автоодговорност (АО) од Стопанска Банка?

  • Затоа што полисата може да ја добиете близу вас – во било која од филијалите на Стопанска банка
  • Затоа што ги задржувате претходно стекнатите попусти од претходните години во кои по ваша вина не била причинета штета на трети лица
  • Затоа што може да одберете почетен датум од кога да важи полисата за осигурување, со што не мора истиот ден возилото да се однесе на регистрација.
  • Затоа што може дополнително да се осигурате и од кршење на стакла и авто-незгода на патниците.

Информирајте се повеќе преку одговорите на честите прашања поврзани со ова осигурување.

Чести прашања во врска со осигурувањето од Автоодговорност (АО):

  1. Како и зошто се добиваат попусти (бонус) при годишното осигурување од АО?
    • Добрите и совесни возачи кои не предизвикале штета во текот на претходната година, добиваат попуст на премијата за осигурување од АО.
    • Попустот го добивате и во Стопанска банка, независно што претходно возилото можеби ви било осигурано преку друга осигурителна компанија
    • Попустот (бонусот) во премијата (цената) за АО за секоја година без пријавена штета изнесува:
      • 5% - после 1 година
      • 10% - после 2 години
      • 15% - после 3 години
      • 20% - после 4 години
      • 25% - после 5 години
  1. Што треба да се направи во случај на сообраќајна незгода?
    • Веднаш да се извести полицијата и повика Брза помош доколку има повредени лица, како и да не се поместува ништо што би можело да им помогне на надлежните органи при составувањето на полицискиот записник за сообраќајната незгода.
    • Да се превземат сите можни мерки за да се заштити возилото од нови дополнителни оштетувања.
    • Да се забележат сите детали во врска со незгодата, особено имињата на луѓето кои учествувале во сообраќајката или пак можат да сведочат за неа, регистарските ознаки и осигурителните компании на сите возила кои директно или индиректно учествувале во незгодата, како и идентитетот и чинот (доколку е познат) на полициските службеници кои излегле на местото на незгодата.
    • Препорачливо е да се инсистира на извршување на алко-тест, како и добивање на информации од полицискиот службеник за тоа каде, како и кога може да се подигне копија од полицискиот записник.
    • Доколку возилото е КАСКО осигурено, штетата се пријавува кај осигурителната компанија која гоиздала КАСКО осигурувањето.
    • Доколку возилото не поседува КАСКО, штетата се пријавува со поднесување на барање во осигурителната компанија на лицето кое што според полицискиот записник било виновно за настанувањето на сообраќајната незгода.
  2. Дали попустите за осигурувањето од Автоодговорност се пренесуваат со пренос на сопственоста на возилото?
    • НЕ – правото на попуст е поврзано само со сопственикот на возилото и не се пренесува на новиот сопственик во случај на продажба на возилото
  3. Дали регистрацијата и осигурувањето на возилото мора да се направи на точниот датум на истекувањето на претходната?
    • НЕ – Обновата на полисата за Автоодговорност и регистрацијата на возилото можат да се направат до 30 дена порано од датумот на истекување на полисата односно регистрацијата на возилото.

ЗЕЛЕН КАРТОН

При патување со возило надвор од државата неопходно е возилото да се обезбеди со Зелен Картон кој ви овозможува територијално проширување на Осигурувањето од Автоодговорност надвор од С.Македонија. Тоа значи дека Зелениот Картон мора да биде издаден од истата осигурителна компанија која го издала и Осигурувањето од Автоодговорност.

Исто како и со Осигурувањето од Автоодговорност, со Зелениот Картон ја пренесувате Вашата одговорност за штетите што со возилото би можеле да ги направите на „трети лица“, односно на другите учесници во сообраќајот, а согласно условите за осигурување. Во таков случај, осигурителната компанија ја превзема одговорноста за надомест на штетата (материјална и нематеријална) кон другите учесници во сообраќајот што била причинета со вашето возило.

Цената на Зелениот Картон е регулирана и иста во сите осигурителни компании во С.Македонија, а зависи од силината на моторот кај патничките возила. Поседувањето на Зелен Картон е задолжителен услов за влез во голем број на држави во Европа, па затоа препорачуваме секогаш да го имате кај себе кога одите на пат надвор од РСМ.

КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Купете КАСКО полиса или било кој друг вид на осигурување од филијалите на Стопанска банка АД - Скопје, во соработка со Кроација Осигурување / Неживот.

  • Со каско осигурувањето добивате комплетна финансиска сигурност на возилото.  
  • Овој вид на осигурување е доброволно осигурување кое дава заштита од материјална штета на осигуреното возило во сообраќајна несреќа независно од виновникот, како и сите оштетувања, уништувања или исчезнување на возилото. 
  • Предмет на осигурување се сите видови на моторни возила како и опремата која е фабрички вградена со возилото. 

Покриени ризици со Каско полисата за осигурување на Вашето возило:

  • Сообраќајна незгода, како превртување, судар, удар, лизгање, урнување и слично;
  • Паѓање на предмет или удар од некој предмет;
  • Пожар;
  • Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство;
  • Удар од гром;
  • Експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија;
  • Луња, град, снежна лавина;
  • Поплава, порој и високи води;
  • Паѓање на воздушни летала;
  • Манифестации и демонстрации;
  • Кражба и разбојништво;
  • Злонамерни постапки на трети лица. 

Не заборавајте, при купувањето на Каско осигурување може да го искористите попустот од 400 или 600 денари, кој го доделува Банката доколку сте корисник на потрошувачки кредит со вклучено осигурување од незгода.

Информативна пресметка за годишната премија (цена) за осигурување можете да добиете во било која од филијалите на Банката, како и преку 24/7 Контакт Центарот на (02) 3100 109.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на