header image header image

Алатка за пребарување сметки

Соопштение

Соопштение за јавност: Промена на статус на сметки

 

Стопанска банка АД – Скопје врши јавно известување на потрошувачите, кои се корисници на платежни услуги, за можноста за промена на статусот на нивните платежни и депозитни сметки во неактивни сметки*.
Стопанска банка АД – Скопје на редовна месечна основа, во тековниот месец, врши вчитување на база на платежни и депозитни сметки кои може да го променат статусот во неактивни сметки во текот на следниот календарски месец.

  1. Стопанска банка АД – Скопје на 28.3.2024 изврши вчитување на нова база на платежни и депозитни сметки кои може да го променат статусот во неактивни сметки, во периодот од 1 април до 30 април 2024 година.
  2. Базата со сметки кои може да добијат статус на неактивни сметки од точка 1 ќе биде достапна за проверка заклучно со 30 април 2024 година.
  3. Потрошувачите може да извршат проверка на сметките кои може да добијат статус на неактивни сметки од точка 1 од ова известување преку алатката за пребарување сметки со внес на еден од следните параметри: ЕМБГ, ID број во банката, број на сметка, број на орочен депозит.
  4. Доколку потрошувачите или лицата што се овластени за работење со сметките или нивните законски застапници, не извршат приливна или одливна платежна трансакција или остварат документирана писмена, електронска и/или снимена телефонска комуникација во врска со сметките, сметките ќе го променат својот статус и ќе бидат евидентирани како неактивни, во периодот од точка 1 од oва известување.
  5. Промената на статусот на сметката нема да ја намали состојбата и нема да го оневозможи пристапот до средствата.
  6. Доколку состојбата на паричните средства на платежната сметка во моментот на настанувањето на неактивниот статус е еднаква на нула, под услов платежната сметка да не е блокирана, ќе биде затворена.
  7. Доколку сметките, во меѓувреме не се активирале согласно наведеното во точка 4 од ова соопштение, Стопанска банка АД – Скопје еднострано ќе ги раскине рамковните договори со потрошувачите доколку во непрекинат период од 24 месеци сите нивни платежни сметки се со состојба 0.
  8. Стопанска банка АД – Скопје, по истекот на рокот од 2 месеца од објавата на ова соопштение и доколку сметките, во меѓувреме, не се активирале согласно наведеното во точка 3 од ова соопштение, еднострано ќе ги раскине рамковните договори со потрошувачите кои имаат платежни сметки кои во моментот на настанување на статусот на неактивна сметка имаат состојба 0 и платежни сметки кои во непрекинат период од 24 месеци се со состојба 0.

Стопанска банка АД - Скопје

*Согласно Законот за платежни услуги и платни системи (Службен весник на Република Северна Македонија- бр.90/2022), неактивна сметка е:
1) платежна сметка на потрошувач кај давател на платежни услуги на која непрекинато во период од најмалку 24 месеци не се извршени одливни платежни трансакции авторизирани од потрошувачот или приливни платежни трансакции, со исклучок на пресметката и плаќање/наплата на камата, и/или било кои други платежни трансакции коишто се извршени во корист на давателот на платежни услуги или во врска со која давателот на платежни услуги немал со потрошувачот или лицата што се овластени за работење со платежната сметка или неговиот законски застапник документирана писмена, електронска и/или снимена телефонска комуникација, или
2) депозитна сметка во врска со која давателот на платежните услуги немал со потрошувачот или лицата што се овластени за работење со сметката или неговиот законски застапник документирана писмена, електронска и/или снимена телефонска комуникација, во непрекинат период од најмалку 10 (десет) години;

Алатка за пребарување

Алатката за пребарување е достапна на следниот линк:

АЛАТКА

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.