

Дебитни картички
VISA Gold Debit
VISA Gold Debit
За производот
- Меѓународна бесконтактна дебитна картичка поврзана со 2 сметки- една во денари и една во евра
- Без провизија за плаќање во трговската мрежа
- 3D-Secure стандард за БЕЗБЕДНИ купувања преку интернет
- Корисниците на Visa Gold дебитната картичката добиваат посебен третман во услугата на шалтерот за опслужување на премиум клиенти достапен во филијалите Алуминка, Веро, ГТЦ, Јане Сандански, Кисела Вода, Мајка Тереза и Младина
- Без провизија за подигнување на готовина од банкомати во мрежата на Стопанска банка
- Брза и едноставна процедура за аплицирање во филијалите на СБ, на телефон 15-110 или на линкот alokredit.mk
- Visa Gold е дел од Golden Club, што претставува пакет на поволности, попусти и бенефиции за корисниците на Visa Gold дебитната картичка. Повеќе инфо на stb.com.mk/goldenclub
- Visa Gold картичката е исто дел од семејството на премиум корисници за кои што Visa International обезбедува посебен пакет на меѓународни попусти и поволности. Повеќе информации на Visa
- Можност за бесплатно додавање на картичката во Google Wallet и Garmin Pay
Употреба
- Плаќање во трговската мрежа и подигнување на готовина од банкомати и шалтери
- Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ
- Овозможена за користење во државата и во странство
- Овозможена за плаќање преку интернет со највисоко ниво на заштита
- Бесконтактни плаќање без внесување на пин до 2.000 денари во трговската мрежа
Лимити
- Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 250.000 денари од денарската сметка и 4.000 евра од евровата сметка
- Кумулативен износ на трансакции во текот на еден месец во трговија во државата и странство во износ од 600.000 денари од денарската сметка и 9.750 евра од евровата сметка
- Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 60.000 денари во државата и во странство
- Максимален број на бесконтактни трансакции без внес на пин код во текот на денот е 10 трансакции. По надминување на овој лимит трансакцијата да се изврши контактно - со вметнување на картичката во ПОС терминалот и внес на пин код од картичката.
- Можност за поставување и управување со трансакциски лимити и блокирање/деблокирање на платежни картички преку e-banking/m-banking на Стопанска банка
- За зголемување на лимитите над препорачаните треба да се обратите во контакт центарот на 02/3100-109
Членство и провизии
Членство
- 1.500 денари годишна членарина која се наплатува при издавањето на картичката
- 0 денари членарина со направен промет во трговска мрежа над 200.000 денари во текот на една година
- 600 денари членарина со направен промет во трговска мрежа над 100.000 денари во текот на една година
- 0 денари членарина за СБ Ексклузив клиенти
- 0 денари членарина за корисници на Visa Gold кредитна картичка од СБ
- 0 денари членарина (без членство) за дополнителната картичка.
- Без трошок за изработка на дополнителна картичка.
Провизии и други надоместоци
- БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање на готовина од банкоматите на СБ
- За подигање на готовина од банкомати и шалтери на други банки во Р.Северна Македонија и во странство сметката поврзана со картичката се задолжува со провизија од 150МКД+2% од подигнатиот износ.
- Издавање на нов ПИН изнесува 150 МКД
- Трошокот за изработка на нова, доколку старата картичка е оштетена изгубена или украдена изнесува 300 МКД
- Трошокот за изработка на нова картичка при промена на презиме или име изнесува 150 МКД
Критериуми и Документи
Критериуми
- Физички лица државјани на Република Северна Македонија
- Лица над 18 години
- Доволно средства на денарската сметка за наплата на трошокот за годишна членарина
Документи
- Лично пополнета и потпишано барање за Visa Gold Debit дебитна картичка
- Важечка лична карта
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на