header image

Девизен пазар

Банката е позиционирана како банка-подржувач (маркет мејкер) на домашниот девизен пазар нудејќи мала маргина меѓу куповните и продажните курсеви. Дилерите на девизниот пазар котираат повластени курсеви за износи повисоки од 1.000 ЕУР за правни и износи повисоки од 10.000 ЕУР за физички лица со што клиентите на Банката добиваат многу поповолни цени од важечката курсна листа.

Трансакциите на девизен пазар се склучуваат секој работен ден од 8.30 до 16.00 часот. Предмет на купопродажба се валутите објавени на курсната листа на Банката. Намерите за купување / продавање на девизи може да се достават лично, по факс или по e-пошта во сите експозитури и филијали на Банката.

Клиентите имаат можност да ја овластат Банката за потпишување на заклучниците, како и за трансфер на девизи / денари во нивно име со што заштедуваат на време.

Правните и физичките лица може да купуваат и продаваат девизи и преку e-banking и m-banking сервисите на Стопанска Банка АД - Скопје.

За подетални информации контактирајте ја Дирекцијата за тргување:

Телефони: (02) 3295- 102, (02) 3295- 103, (02) 3295- 107 и (02) 3295- 109
е-mail: devizen.pazar@stb.com.mk

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на