Потрошувачки кредит
Необезбеден “Зелен кредит“
Необезбеден “Зелен кредит“
Карактеристики
ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПОТРОШУВАЧКИ НЕОБЕЗБЕДЕН КРЕДИТ ЗА ЗЕЛЕНО ФИНАНСИРАЊЕ
Компаративни предности
- Наменски кредит со поволни ценовни услови
- Без трошоци за предвремена отплата
- Можност за вклучување на осигурување од незгода
- Можност за вклучување на животно осигурување
Износ
- Денарски кредит од 15.000 до 300.000 мкд односно Денарски кредит со девизна клаузула од 250 до 5.000 еур
- Денарски кредит од 300.001 до 1.500.000 мкд односно Денарски кредит со девизна клаузула од 5.001 до 25.000 еур
Исплата
Средствата од одобрениот кредит се исплаќаат на платежната сметка на физичкото лице во СБ од каде се пренесуваат на продавачот/давателот на услуга.
Валута: Денарски кредит, денарски кредит со клаузула во евра
Рок на отплата
За денарски кредити со девизна клаузула: од 6 до 120 месеци
За денарски кредити зависно од изнoсот на кредитот:
- Минимум 6 месеци
- Максимум
- До 91.500 МКД - 60 месеци
- Од 91.501-300.000 МКД 84 месеци
Намена на кредитот
- Изолација (под, ѕидови, фасада, рекнструкција на кров)
- Енергетски ефикасни прозорци и врати
- Печки на пелети
- Топлотни пумпи
- Сончеви колектори за греење вода
- Фотоволтаични системи
- Системи за вентилација
- Инвертер клима уреди
- Други производи или интервенции кои придонесуваат кон поголема енергетска ефикасност
- Поставување на производи / уреди за енергетска ефикасност
- Хибридни возила
Ценовни услови
Годишни каматни стапки
| Останати клиенти | со плата/пензија во СБ | Клиенти вработени во јавен сектори и компании со повластени услови | |
| Фиксна каматна стапка за 5 г. во MKД / ЕУР - без осигурување | 5.00% | 5.00% | 5.00% |
| Фиксна каматна стапка за 5 г. во MKД / ЕУР - со осигурување од незгода | 4.40% | 4.40% | 4,40% |
| Фиксна каматна стапка за 5 г. во MKД / ЕУР - со животно осигурување | 4.20% | 4.20% | 4.20% |
| Променлива каматна стапка во MKД / ЕУР | 8.50% | 7.65% | 7,23% |
Банката согласно важечката регулатива, редовно ја објавува годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) на својата веб-страница, во филијалите на Банката и преку јавните медимуи
Отплата
Еднакви месечни ануитети. За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата:
- со траен налог или
- преку дигиталните услуги на СБ
Трошоци
- Апликативен трошок од 600 МКД за сите клиенти
- 2.000 МКД трошок за обработка на барањето вклучен во износот на кредитот
- За кредити над 920.000 МКД, нотарски трошоци за солемнизација на договорот за кредит.
- За кредити од 610.000 МКД до 920.000 МКД потребна е согласност од брачен другар.
Кредитни критериуми
Физички лица, резиденти.
- Минимален месечен приход од 12.000 МКД за клиенти со плата во СБ или друга банка и пензионери во друга банка и 10.000 МКД за пензионери во СБ за секој учесник во кредитот поединечно
Возраст на клиентот:
- За кредити до 610.000 МКД/10.000 ЕУР:
- мин. приход 12.000 МКД за сите клиенти и пензионери во други банки- мин. приход 10.000 МКД за пензионери во СБ - За кредити од 610.001 МКД/10.000 ЕУР до 920.000 МКД/15.000 ЕУР
- мин. приход 24.000 МКД за кредитобарателот. Доколку приходите се до 30.000 МКД, мора да биде вклучен кокредитобарател
* 10 % толеранција на двата прага за минимум приход, односно 21.600 МКД и 27.000 МКД
- За кредити од 920.001 МКД/15.001 ЕУР до 1.200.00 МКД/20.000 ЕУР
- мин. приход 30.000 МКД за кредитобарателот. Доколку приходот е до 36.000 МКД, мора да биде вклучен еден кокредитобарател со мин. приход 15.000 МКД. - За кредити од 1.200.001 МКД/20.001 ЕУР до 1.500.000 МКД/25.000 ЕУР - мин. приход 35.000 МКД за кредитобарателот. Доколку приходот е до 45.000 МКД, мора да биде вклучен еден кокредитобарател со мин. приход 15.000 МКД.
Возраст на клиентот:
- За клиенти со плата во СБ/клиенти без плата во СБ и клиенти без пензија во СБ – од 20 години на денот на аплицирањето до 67 години на денот на отплатата на кредитот.
- За клиенти со пензија во СБ – до 67 години на денот на отплата (во случај кога се вклучува кокредитобарател/и и сите учесници во кредитот се пензионери во моментот на аплицирањето, возраста на еден од учесниците мора да биде до 67 години на денот на отплатата, додека возраста на останатите учесници може да биде до 70 години на денот на отплата на кредитот).
Можност за вклучување кокредитобарател
- Освен лице кое е член на потесно семејство (родител, дете, сопруг/а), кокредитобарател може да биде и лице кое ги задоволува следните услови:
- да е клиент со плата во СБ, или
- да е клиент со постоен кредитен производ во СБ или во друга банка и со добра кредитна историја - во пресметките за кредит влегуваат 100 % од примањата, но и задолжувањата на кокредитобарателите .
Документација
Потребни документи
- Барање за потрошувачки кредит*
- Профактура од продавачот/давателот на услуга
- Копија од лична карта/пасош*
- За клиенти кои земаат плата во СБ, извод од трансакциска сметка за последните 6 месеци*
За сите останати: Чек од пензија/Потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од работодавецот (не постара од 30 дена), а по потреба и други документи за доказ за висина на месечни примања за последните 6 месеци. - Други документи по барање на Банката
- Извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци)/венчани*
- Согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД Скопје*
*Се однесува на кредитобарател и кокредитобаратели
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на

