header image header image

Mastercard Platinum

За производот

Промотивно 4,9% каматна стапка до крајот на годината за сите апликации примени до 30.09.2026

 

  • Премиум кредитна картичка која нуди ексклузивност и престиж со пристап до многубројни поволности и привилегии при патување
  • Меѓународна бесконтактна кредитна картичка поврзана со денарска сметка
  • Бесплатен пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони (Lounge Key)
    • 6 бесплатни посети на деловни зони годишно за себе и своите сопатници.
    • Секоја дополнителна посета над 6-тата (по сметка) ќе биде наплатена 28 евра по посета, директно од сметката поврзана со картичката.
    • Доколку имате дополнителна картичка, бесплатните влезови се трошат заеднички. Секој влез со било која од основна или дополнителна картичка се одзема од вкупниот број на дозволени бесплатни влезови на вашата сметка.
  • Mastercard Travel Rewards (MTR)
    • Искористете ексклузивен cashback при купување кај избрани меѓународни брендови за луксузни производи
  • Можност за трансакции до 36 рати без камата
  • Можност за подигнување на готовина без провизија секој последен викенд во месецот за време на промо КЕШ викендот
  • Месечна отплата на 3% од вкупниот долг
  • Бескаматен грејс период од 50 дена при целосно подмирување на долгот (за трансакциите направени во трговската мрежа)
  • Максимален кредитен лимит од 600.000 денари, во зависност од примањата на клиентот
  • Брза и едноставна процедура за аплицирање во филијалите на СБ, на 24/7 телефон 15-110
  • Бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена со важност од 365 дена
  • Можност за додавање на картичката во Google Wallet и Apple Wallet
  • Kартичката е специјално дизајнирана платежна картичка со тактилни засеци за да им помогне на корисниците да ги идентификуваат и разликуваат своите картички
    • Кредитна картичка: Аголен засек
  • Картичката е изработена од 100% рециклиран PVC.

Употреба

  • Плаќање во трговската мрежа без провизија
  • Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ
  • Подигнување на готовина од банкомати и шалтери по најповолни услови
  • Овозможена за користење во државата и во странство
  • Максимална возраст за активно користење на кредитниот лимит на картичката е 75 години
  • Можност за поставување и управување со трансакциски лимити и блокирање/деблокирање на платежни картички преку e-banking/m-banking на Стопанска банка

Преземете ја апликацијата LoungeKey за да ви помогне побрзо да ги пронајдете деловните зони. Можете да ја преземете апликацијата од App Store или преку Google Play.

Ценовни услови

Промотивно 4,9% каматна стапка до крајот на годината за сите апликации примени до 30.09.2026

 

Каматни стапки

  • 8,55% променлива за клиенти со плата/пензија во СБ
  • 9,50% променлива за други клиенти.
  • 0% камата за трансакциите на рати без камата кај трговските партнери на СБ
  • Каматата се пресметува само на искористениот износ
  • Рефинансирање на долг од кредитни картички и кредитни картички од други банки се прави по наведените каматни стапки во зависност на категоријата на клиентот

Членарина

  • Бесплатна за првата година
  • Бесплатна за сите СБ Ексклузив клиенти
  • 0 денари членарина
    • со остварен промет од 90.000 денари во трговија во текот на една година
    • Корисник на станбен кредит или кредит со обезбедување од СБ
    • Картичката е издадена врз основа на залог на депозит
  • 395 денари членарина за клиенти што примаат пензија во СБ и корисници на сервисот за достава на месечните извештаи за картичката преку електронска пошта
  • 595 денари членарина за клиенти што примаат пензија во СБ и месечните извештаи за картичката ги добиваат по пошта
  • 695 денари членарина за клиенти што ја примаат или не ја примаат платата во СБ и се корисници на сервисот за достава на месечните извештаи за картичката преку електронска пошта
  • 895 денари членарина за клиенти што ја примаат или не ја примаат платата во СБ и ги добиваат месечните извештаи за картичката по пошта
  • Доколку клиентот во текот на последните 12 месеци доцнел повеќе од 60 дена во отплатата на месечните минимални обврски нема право на погоре наведените попусти и Банката ќе го наплати целиот износ од 1500 денари годишна членарина
  • Без трошок за изработка на дополнителна картичка.

Провизии и други надоместоци

  • За подигање на готовина од банкоматите на СБ се задолжува денарската сметка за 2.5% но не помалку од 250 МКД од износот на трансакцијата
  • За подигање на готовина на шалтер на СБ се задолжува денарската сметка за 2.5% но не помалку од 250 МКД од износот на трансакцијата
  • За подигање на готовина од банкоматите и шалтери на други банки во Р.Северна Македонија и во странство денарската сметка се задолжува со провизија од 250 МКД + 2.5% од подигнатиот износ.
  • Издавање на нов ПИН изнесува 200 МКД
  • Трошокот за реиздавање на картичка поради кражба, губење, оштетување или промена на податоци изнесува 350 МКД

Кредитни критериуми

Кредитни критериуми

  • Физички лица државјани на Република Северна Македонија
  • Возраст на корисникот- од 20 до 67 години на денот на аплицирање
  • Минимални примања од 40.000 денари

Потребни документи

  • Лично пополнета и потпишано барање за Mastercard Platinum кредитна картичка
  • Важечка лична карта или пасош
  • За клиенти што примаат плата/пензија преку СБ
    • извод од трансакциска сметка од последните 6 месец
  • За клиенти што не примаат плата/пензија
    • Потврда за редовно вработување не постара од 30 дена, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот
    • По потреба и друга документација за доказ за висина на месечни примања

Најчесто поставувани прашања

За најточни и најажурирани информации за LoungeKey локациите и условите за пристап, преземете ја и користете ја мобилната апликација LoungeKey или веб-страницата. Во апликацијата се достапни информации за аеродромските деловни зони, ресторани и други локации, како и условите за нивно користење.

Одредени LoungeKey локации може да применуваат дополнителни услови, ограничувања за пристап, минимален износ на потрошувачка, ограничено работно време или други правила утврдени од страна на давателот на услугата.

Доколку не се почитуваат условите наведени во LoungeKey апликацијата за конкретната локација, користењето на услугата може да биде наплатено согласно важечките услови на LoungeKey програмата и/или на давателот на услугата. Конечната одлука за одобрување на пристапот и условите за користење ги определува давателот на услугата на самата локација.

Постојат два начина за пристап до салоните. Прво, можете едноставно да ја покажете вашата Mastercard Platinum картичка на персоналот во салонот. Или алтернативно, можете да го покажете вашиот дигитален код за пристап до салонот, достапен откако ќе се регистрирате на веб-страницата или на мобилната апликацијата "LongueKey".

Да. Можете да пристапите до деловните зони на аеродром едноставно со тоа што ќе ја покажете вашата платежна картичка Mastercard Platinum на персоналот во салонот, некои салони може да ви побараат да го приложите и вашиот билет за лет.

Да, доколку сте ги искористиле своите бесплатни влезови тие ќе бидат обновени во новата календарска година. Доколку го надмините бројот на бесплатни влезови, секој влез ќе ви биде наплатен од вашата сметка.

Да, со вас може да пристапат и гости, со што Вашиот број на преостанати бесплатни пристапи во деловните зони соодветно ќе се намали.

Да, можете да пристапите до деловните зони со вашата дополнителна Mastercard Platinum картичка со што бесплатните влезови се трошат заеднички. Секој влез со било која од основна или дополнителна картичка се одзема од вкупниот број на дозволени бесплатни влезови на вашата сметка.

Не сите аеродроми имаат деловна зона. Ве молиме користете ја веб-страницата или мобилната апликација "LoungeKey" за да пребарувате и да пронајдете деловна зона, доколку има на вашата локација.

Ова може да ви се случи доколку се обидувате да влезете во деловна зона која не е во програмата на LongueKey, осигурајте се преку апликацијата или веб-страницата на LoungeKey дека салонот во кој сакате да пристапите е дел од програмата.

Секој салон има свои политики во врска со должината на престојот. Ве молиме проверете ги информациите за салонот на веб-страницата или апликацијата "LoungeKey" за да ги потврдите политиките и условите на секој поединечен салон.

Имајте предвид дека одредени деловни зони, ресторани и други LoungeKey партнери може да применуваат дополнителни услови или ограничувања за пристап, согласно нивните интерни политики, расположлив капацитет или други оперативни причини. Конечната одлука за одобрување на пристапот ја носи давателот на услугата на самата локација.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.