header image header image

Наградна игра - со VISA на олимписки игри во Париз

Наградна игра

Стопанска банка АД – Скопје започна голема наградна игра за клиентите корисници на VISA дебитните и кредитните картички.

Од 1 април до 31 мај со користење на картичката за безготовинско плаќање секој клиент станува потенцијален добитник на една од вредните награди:

  • 2 х 2 добитници за Летните олимписки игри во Париз
  • 14 х paddle board (СУП даски) и
  • 14 х мини фудбал

Согласно правилата за наградната игра, за секоја безготовинска трансакција се добива 1 право на учество во извлекувањата односно, 1 шанса за добивка.

Извлекување на добитниците ќе се спроведе на 12 јуни во просториите на Банката и ќе бидат објавени во рок од 3 работни дена на веб страницата и во печатените медиуми.

Граѓаните кои немаат VISA картичка од Стопанска банка а се заинтересирани за учество во наградната игра може да се обратат во нашите филијали, на АлоКредит 15110 или да поднесат барање на www.alokredit.mk во секое време од денот.

Правила за наградна игра

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА „СО ВИЗА КАРТИЧКИ ДО ПАРИЗ НА ОЛИМПИЈАДА 2024“

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на Република Северна Македонија, број 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/14, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016, 178/2016 и Сл. весник на Република Северна Македонија бр 251/2022), се утврдуваат следните правила на наградната игра:

Член 1
ОРГАНИЗАТОР
Организатор на наградната игра „ СО ВИЗА КАРТИЧКИ ДО ПАРИЗ НА ОЛИМПИЈАДА 2024“ (во понатамошниот текст “Наградна игра“) е Стопанска банка АД - Скопје, со седиште во Скопје, ул: 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: ОРГАНИЗАТОР).

Член 2
ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Наградната игра има за цел рекламирање на производите за физички лица од понудата за ВИЗА (VISA) кредитни и дебитни картички од Стопанска банка АД – Скопје.

Член 3
ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјалното име на Наградната игра е „ СО ВИЗА КАРТИЧКИ ДО ПАРИЗ НА ОЛИМПИЈАДА 2024 “.
Наградната игра ќе започне од 01.04.2024 и ќе трае до 31.05.2024 година.

Член 4
ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Квалификувани за учество во Наградната игра се сите физички лица – државјани на Република Македонија (лица со и над 18 годишна возраст), корисници на производот за физички лица ВИЗА (VISA) кредитна или дебитна картичка од ОРГАНИЗАТОРОТ за направена безготовинска трансакција во периодот од 01.04 до 31.05.2024 година, а кои на деновите на извлекување на наградите немаат повеќе од 30 дена достасани, а неподмирени обврски кон ОРГАНИЗАТОРОТ кои произлегуваат од користењето на горенаведените производи или други кредитни производи на ОРГАНИЗАТОРОТ и имаат дадено согласност за контактирање во маркетинг цели на ОРГАНИЗАТОРОТ. Доколку биде извлечен добитник со повеќе од 30 дена неподмирени достасани обврски кон ОРГАНИЗАТОРОТ, истиот ќе биде дисквалификуван и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој во целост ќе ги исполнува правилата на наградната игра.
Доколку биде извлечен добитни кој нема дадено согласност за контактирање во маркетинг цели истиот истиот ќе биде дисквалификуван и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој во целост ќе ги исполнува правилата на наградната игра.
Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во Стопанска банка АД – Скопје и вработени во ВИЗА (VISA) (вклучувајќи ги и нивните потесни семејства, и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар/вонбрачен другар).

Член 5
ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се организира за физички лица – корисници на ВИЗА (VISA) кредитни и дебитни картички од Стопанска банка АД - Скопје, на територијата на Република Македонија.

Член 6
ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ
Во Наградната игра ќе бидат доделени следната награди:

- Главна награда – повратни авионски билети за двајца во Париз за Олимпијада 2024. Се извлекуваат 2 среќни добитници кои добиваат по 2 билети. 2 x 85.516,00 денари, вкупно 171.032,00 денари
- 14 Даски за веслање на вода (SUP даска) брендирана со VISA, 14 х 17.582,00 денари, вкупно 246.149,00 денари
- 14 Мини фудбал – игри, брендирани со VISA 14 х 8.806,50 денари, вкупно 123.291,00 денари

Вкупниот награден фонд со вклучен ддв изнесува 540,472.00 денари.

Персоналниот данок ќе биде дополнително платен од страна на ОРГАНИЗАТОРОТ.

Рокот за подигнување и исплата на наградите изнесува 60 дена од денот на извлекувањето, а ќе се подигнат од работните простории на Банката.

Член 7
МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Лицата од член 4 став 1, квалификувани за учество во Наградната игра, за секоја безготовинска трансакција направена со ВИЗА (VISA) кредитна или дебитна картичка во период од 01.04 до 31.05.2024 година, добиваат право на учество.

Член 8
ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО
Наградата ќе биде доделена само ако учесникот е квалификуван, има право на учество и ако целосно ги почитува Правилата на Наградната игра.

Член 9
ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПРЕНОС И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА
ОРГАНИЗАТОРОТ е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и персонален данок.
Наградата не се пренесува ниту се препишува пред претходно доделување на истата.

Член 10
КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Личните податоци (име и презиме, ID број, град и број на трансакција со VISA картичка) на учесниците во наградната игра ќе бидат обработувани за целите на реализацијата на наградната игра од страна на Банката, и тоа за избор на добитниците; а по извлекувањето на добитниците, за објава на веб страницата на Банката www.stb.com.mk, во дневен весник како и на профилите на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, LinkedIn) ќе бидат користени личните податоци (иницијали, ID број и град), врз основа на претходно слободно дадена согласност за контактирање во маркетинг цели што е дел од формата за ажурирање на лични податоци во Банката.

Пристап до личните податоци имаат само овластени лица од страна на Банката. Обработката на податоците од страна на Банката е со цел полесно да се реализира и обработи секој добитник индивидуално во наградната игра. Банката гарантира и ги презема сите технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од нивна измена, нелегален пристап, неовластено јавно објавување, бришење или уништување.

Личните податоци на добитниците кои ќе бидат јавно објавени на веб страницата и на социјалните мрежи ќе бидат отстранети од истите, во рок од 60 дена по завршување на наградната игра.

Организаторот се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра, согласно закон. Сите учесници во наградната игра за било какви прашања и барања во врска со обработката на личните податоци може да се обратат до Офицерот за заштита на лични податоци преку е-маил на privacy@stb.com.mk.

Учесникот во наградната игра е известен за сите информации согласно Законот за заштита на личните податоци во моментот на собирањето на личните податоци и е запознаен со Политиката за приватност на Стопанска банка АД - Скопје, објавени на веб страната на Организаторот.

ОРГАНИЗАТОРОТ има право личните податоци на добитникот да ги користи во своите идни маркетинг активности, по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци.

Член 11
ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
ОРГАНИЗАТОРОТ има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, по добивање на одобрение од Министерство за финансии со известување до јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.

Член 12
ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ
Евентуално настанатите спорови помеѓу ОРГАНИЗАТОРОТ и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.

Член 13
ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Извлекувањето на наградите ќе се врши еднаш на 12.06.2024 со почеток во 12:00 часот, во просториите на Стопанска банка АД - Скопје, на адреса ул. 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје.
Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор од страна на лице од Банката со помош на специјален софтвер изготвен за таа намена.
Извлекувањето на сите награди ќе се одвива, во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници, и тоа:
1. Двајца претставници од Стопанска банка АД - Скопје.
2. Нотар од Република Македонија
Дополнително, ќе бидат извлечени и 3 резервни добитници.

Член 14
ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА
Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградите на веб страната на ОРГАНИЗАТОРОТ www.stb.com.mk како и на ФБ официјалната страна на ОРГАНИЗАТОРОТ – Стопанска банка – На ваша страна
ОРГАНИЗАТОРОТ ќе го извести добитникот за добиената награда телефонски преку КОНТАКТ ЦЕНТАРОТ на Банката, а доколку добитникот на наградата има дадено своја согласност, ОРГАНИЗАТОРОТ може да ги користи неговите лични податоци и во маркетинг цели.

Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кон добитникот.

Член 15
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА
Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб страната на ОРГАНИЗАТОРОТ www.stb.com.mk, по добивањето на согласност од Министерството за финансии на Република Македонија, а пред почетокот на Наградната игра.

Член 16
ПРАВО НА ПРИГОВОР
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 дена од денот на објавување на добитниците на наградите да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра, до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка АД – Скопје, која е должна во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот писмено да одговори на добиениот приговор.

Член 17
ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во Стопанска банка АД – Скопје (вклучувајќи ги и нивните потесни семејства, и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар/вонбрачен другар). Право на учество немаат ниту VISA Business картичките.
Доколку извлечениот добитник е дел од оваа група на лица нема да има право на наградата и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој ќе ги исполнува во целост правилата на наградната игра. Добитникот пред да ја подигне наградата ќе потпише потврда дека во своето најблиско семејство нема вработени од Стопанска банка АД – Скопје.

Член 18
НАЧИНИ НА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
За известување за Наградната игра ќе бидат користени следните средства:

  1. Огласи во печатени медиуми
  2. Рекламни пораки на веб страната на Стопанска банка АД – Скопје (www.stb.com.mk) и на веб страници на интернет медиуми
  3. Рекламни пораки на радио,
  4. Статични и видео објави на социјални медиуми,
  5. Постери и летоци поставени во филијалите на Стопанска банка АД – Скопје,
  6. E-mail и смс директен маркетинг

Член 19
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра, корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерството за финансии на Република Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на исплатата на наградите.


СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

Извлекувања и објава на добитници

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Извлекувањето на наградите ќе се врши еднаш на 12.06.2024 со почеток во 12:00 часот, во просториите на Стопанска банка АД - Скопје, на адреса ул. 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје.
Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор од страна на лице од Банката со помош на специјален софтвер изготвен за таа намена.
Извлекувањето на сите награди ќе се одвива, во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници, и тоа:
1. Двајца претставници од Стопанска банка АД - Скопје.
2. Нотар од Република Македонија
Дополнително, ќе бидат извлечени и 3 резервни добитници.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.