

За банката
Собрание на акционери
Собрание на акционери
Собрание на акционери
ЈАВЕН ПОВИК
за учество на 51-та седница на Собранието на акционерите на
Стопанска банка АД - Скопје
Врз основа на член 27 и член 29 од Статутот на Стопанска банка АД – Скопје (С.О. бр. 438/31.5.2022 година, пречистен текст), Надзорниот одбор на СБ, на седницата одржана на 28.4.2023 година, донесе Одлука за свикување на 51-та седница на Собранието на акционери на СБ (Н.О. бр. 31/2023 од 28.4.2023 година).
Седницата на Собранието ќе се одржи на 30 мaj, 2023 година (вторник), во 11.00 часот во седиштето на СБ, Централа, на ул. „11 Октомври“, бр. 7, 1000 Скопје (влез во Градскиот трговски центар).
За работа на 51-та седница на Собранието на акционери, Надзорниот одбор на СБ го предлага следниот:
ДНЕВЕН РЕД
- Избор на претседавач, нотар и бројач на гласови;
- Разгледување на Записникот од 50-та седница на Собранието на акционери одржана на 31 мај 2022 година;
- Разгледување на Извештај за процена на вредноста на акциите на Стопанска банка АД – Скопје, изготвен од консултантската куќа "Ернст и Јанг" ;
- Разгледување на предлози поднесени од акционерите:
- Предлог за измена и дополнување на Статутот на Стопанска банка АД – Скопје, поврзано со правата на приоритетните акции поднесен од имател на приоритетни акции;
- Предлог за конверзија на приоритетни акции во обични акции поднесен од имател на приоритетни акции;
- Предлог за конверзија на приоритетни акции во обични акции поднесен од група на иматели на приоритетни акции кои представуваат 10,9% од приоритетните акционери;
- Предлог за конверзија на приоритетни акции во обични акции поднесен од Национална Банка на Грција С.А. Атина;
- Одлука за повторно именување на член на Надзорен одбор (придружен материјал: Кратка биографија);
- Донесување на Одлука за усвојување на Годишната сметка и Финансиските извештаи на Стопанска банка АД - Скопје за 2022 година;
- Донесување на Одлука за усвојување на Консолидирана Годишната сметка и Финансиските извештаи на Стопанска банка АД - Скопје за 2022 година;
- Донесување на Одлука за усвојување на Ревидираните посебни финансиски извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2022 година, со писмено мислење од Надзорниот одбор;
- Разгледување и усвојување на Консолидирани Финансиски Извештаи на Стопанска банка АД - Скопје за 2022 година со писмено мислење од Надзорниот одбор;
- Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Стопанска банка АД - Скопје во 2022 година со писмено мислење од Надзорниот одбор;
- Донесување Одлука за распоредување на добивката за 2022 година;
- Донесување Одлука за прераспределба на дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите;
- Донесување Одлука за пренамена на задржаната добивка за инвестирање во добивка расположива за распределба на акционерите;
- Донесување Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на имателите на приоритетни акции за 2022 година;
- Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2022 година;
- Донесување Одлука за назначување на овластено друштво за ревизија за 2023 година; и
- Донесување на Политика за наградување на Стопанска банка АД – Скопје;
Се повикуваат акционерите на СБ да го пријават своето учество на седницата на Собранието со доставување на: писмено овластување издадено од надлежен орган на акционерот (за правни лица) или лично потпишана пријава (за физички лица), најмалку 3 (три) дена пред одржувањето на седницата, а најдоцна во рокот предвиден со Законот за трговски друштва, на горенаведената адреса, со назнака: „За Кабинет на Претседател на Управен одбор“, или по електронски пат на е-пошта: sobranie@stb.com.mk, со доставување на овластувањето или изјавата во скенирана форма.
Акционерите на СБ можат да гласаат по точките од дневниот ред објавени во Јавниот повик и со пополнување на Образец за гласање со коресподенција, кој е објавен на официјалната интернет - страница на Банката во делот „Собрание на акционери – документација“, на следниот линк. Уредно пополнетиот Образец за гласање со коресподенција, акционерите треба да го достават во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционерот-физичко лице, односно назив, седиште, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционерот правно лице. За потребите на идентификација, заедно со пополнетиот Образец за коресподенција, акционерот-физичко лице потребно е да достави и копија од документ за идентификација (лична карта). За потребите на идентификација, заедно со пополнетиот Образец за коресподенција, акционерот-правно лице е потребно да достави и копија од важечка тековна состојба на правното лице и копија од документ за идентификација (лична карта) на законскиот застапник на правното лице. Пополнетиот Образец за коресподенција во оригинал заедно со погоре наведените документи за идентификација, со назнака „за Собрание на акционери“ треба да бидат примени во седиштето на Стопанска банка АД – Скопје, на улица „11 Октомври“ бр. 7, 1000 Скопје, најдоцна до 30.5.2023 година до 11.00 часот.
Секој акционер може да овласти свој полномошник на собранието на акционери, на начин и под услови утврдени со закон, со потпишување на писмено полномошно. Секој акционер кој дал писмено полномошно и назначил свој полномошник е должен да ја извести Банката со писмено известување на горенаведената адреса и назнака, или по електронски пат на: sobranie@stb.com.mk со доставување на полномошното во скенирана форма, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.
Собранието на акционери ќе одлучува само за прашања што се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на банката и Законот за трговски друштва.
Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 6.5.2023 година, да предложат дополнување на предложениот дневен ред со барање за вклучување нови точки или одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка. Предлагањето точки/одлуки по дневниот ред се врши со писмено известување доставено на горенаведената адреса и назнака или по електронски пат на е-поштата: sobranie@stb.com.mk.
Предлогот се доставува во писмена/скенирана форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционери (и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице. Заедно со барањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:
- За акционер - физичко лице, се приложува:
- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во којшто е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена, и
- Копија од лична карта или пасош.
- За акционер - правно лице, се приложува:
- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во којшто е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена,
- Последна тековна состојба од Централен регистар во оригинал не постара од 7 дена, и
- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник.
Акционерите имаат право да поставуваат прашања по точките од дневниот ред. Правото да се поставуваат прашања од акционерите и обврската на друштвото да одговори на поставените прашања може да се ограничи само поради одржувањето на ред во заседавањето и работата на собранието, или преземање активности за зачувување на доверливоста во работењето и деловните интереси на друштвото.
Одговорите на поставените прашања на седница на собранието на друштвото ќе бидат објавени на интернет - страницата на Банката www.stb.com.mk во форма на прашање и одговор.
Прашањата се доставуваат во писмена форма во оригинал на горенаведената адреса и назнака, или по електронски пат во скенирана форма на е-пошта: sobranie@stb.com.mk, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот зсатапник на акционер(и) правно лице. Заедно со прашањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:
- За акционер - физичко лице, се приложува:
- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во којшто е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена, и
- Копија од лична карта или пасош.
- За акционер - правно лице, се приложува:
- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во којшто е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена,
- Последна тековна состојба од Централен регистар во оригинал не постара од 7 дена, и
- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник.
Гласањето по точките од дневниот ред се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.
Материјалите по предлог – дневниот ред и останати информации, согласно важечката законска регулатива, ќе бидат во целост достапни на увид на акционерите во Централата на СБ (3 кат, канцеларија бр. 306), секој работен ден од 12.00 до 15.00 часот, а ќе бидат објавени и на интернет - страницата на Банката www.stb.com.mk од денот на објавувањето на овој Јавен повик.
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ
Документација
Информацијата за преземени активности по заклучок на Годишно собрание на акционери одржано на 31.5.2022 година - проценка на сооднос помеѓу обични и приоритетни акции за цели на можна конверзија
Резиме на процената на приоритетни и обични акции на Стопанска Банка АД Скопје заклучно со 30.9.2022 година изработен од меѓународно консалтинг друштво „Ернст и Јанг“
За 51-то Собрание на акционери 30. 5. 2023
- Записник од 50-то Собрание на акционери 31.5.2022
- Информација согласно Законот за трговски друштва
- Пријава за учество на Собрание - физичко лице
- Писмено овластување - Правни лица
- Полномошно за гласање
- Образец за гласање со писмена коресподенција
- Известување до акционери за заштита на личните податоци и приватност
- Прашалник за усогласеност со Кодексот за корпоративно управување на котираните акционерски друштва на Македонска берза
- Извештај за прашања и резултати од гласање
- Записник од 51-то Собрание на акционери 30.5.2023
За 50-то Собрание на акционери 31. 5. 2022
- Образец за гласање за акционер физичко лице
- Образец за гласање за акционер правно лице
- Информација согласно Законот за трговски друштва
- Записник од 49та седница на Собрание на акционери од 29. 6. 2021
- Прашалник за усогласеност со Кодексот за корпоративно управување на котираните акционерски друштва на Македонска берза
- Јавен повик за учество на 50та седница на Собрание на акциониери
- Јавен повик за учество на 50та седница на Собрание на акционери, со ревидиран дневен ред
- Информација за неизгласана предлог - одлука поврзана со измена и дополнување на Статутот на СБ
- Записник од 50-то Собрание на акционери 31. 5. 2022
- Извештај за прашања и резултати од гласање
- Известување до акционерите во однос на заштитата на приватноста и нивните лични податоци
За 49-то Собрание на акционери 29. 6. 2021
- Записник од 48ма седница на Собрание на акционери од 30. 6. 2020
- Записник од 49та седница на Собрание на акционери од 29. 6. 2021
- Информација согласно Законот за трговски друштва
- Јавен повик и усвоени одлуки од 49. седница на Собрание на акционери од 29. 6. 2021
- Прашања и одговори од Собрание на акционери и извештај од гласање
За 48-мо Собрание на акционери 30. 6. 2020
- Записник од 47ма седница на Собрание на акционери од 4. 3. 2020
- Записник од 48ма седница на Собрание на акционери од 30. 6. 2020
- Прашања и одговори од Собрание на акционери
- Прашања и одговори од Собрание на акционери (дополнето)
За 47-мо Собрание на акционери 4. 3. 2020
- Информација согласно Законот за трговски друштва
- Записник од 46та седница на Собрание на акционери од 19. 11. 2019
- Записник од 47ма седница на Собрание на акционери од 4. 3. 2020
- Јавен повик за 47. седница на Собрание на акционери
За 46-то Собрание на акционери 19.11.2019
Податоци за акциите
Поважни податоци
Номиналниот износ на почетниот капитал (основната главнина) на СБ изнесува 3.602.219.798 денари кој е поделен на:
- 17.460.180 обични акции со право на глас, со номинален износ од 201,1 денари по акција, и
- 227.444 приоритетни кумулативни акции без право на глас, со номинален износ од 400,0 денари по акција.
Право на глас во Собранието на СБ
Акционери сопственици на обични акции со право на глас кои поседуваат квалификувано учество во СБ:
- Национална банка на Грција (НБГ): 94,6%.
- Останати акционери: 5,4%.
*Акциите на СБ котираат на Македонска берза АД Скопје, на подсегмент - задолжителна котација: Проспект на СБ за котација на издадените акции.
Права од акции
Акционерите на СБ ги имаат сите права, обврски и одговорности, утврдени со законите, Статутот на СБ и релевантните Одлуки за издавање на акции донесени од Собранието на акционери.
Обичните акции се акции кои им даваат на нивните сопственици:
- Право на глас во Собранието на акционери,
- Право на исплата на дел од добивка (дивиденда), и
- Право на исплата на дел од остатокот од ликвидационата, односно стечајната маса на Банката.
Приоритетните акции се акции без право на глас кои им даваат на нивните сопственици:
- Право на гарантирана (фиксна) дивиденда утврдена во висина на каматата на средствата на штедните влогови и депозити на граѓаните орочени на 1 година, зголемена за соодветен процентен поен кој се утврдува со Одлуката за каматните стапки на СБ;
- Право на наплата на акумулираните неплатени дивиденди пред наплатувањето на какви било дивиденди на сопствениците на обични акции;
- Доколку Банката не оствари добивка во износ кој е доволен да го покрие износот на дивидендата на вкупниот број на акции, остварениот дел од добивката, Банката ќе го распредели само на акционерите кои имаат приоритетни акции (со гарантирана фиксна дивиденда), а најмногу до висина на остварениот дел од добивката;
- Доколку Банката не оствари добивка доволна за исплата на утврдениот гарантиран износ на дивидендата, имателите на приоритетните акции ќе имаат право на кумулативна дивиденда, односно наплата на заостаната дивиденда во наредните години.
- Врз основа на Одлука на Собрание на акционери на Банката, имателите на приоритетни акции можат да стекнат право на учество во распределбата на добивката на Банката, како варијабилен дел во висина што ќе ја утврди Собранието, но најмногу до износот што ќе го добијат имателите на обични акции.
Генерални податоци
Обични акции
ISIN | MKSTBS 101014 |
Вид | Обични акции со право на глас |
Номинална вредност | 201.1 МКД |
Број на акции | 17.460.180 |
CFI код | ESVUFR |
Тикер | STB |
Котира | Македонска берза АД Скопје |
ISIN | MKSTBS 120014 |
Вид | приоритетни кумулативни акции без право на глас |
Номинална вредност | 400 МКД |
Број на акции | 227.444 |
CFI код | EFNNQR |
Тикер | STBP |
Котира | Македонска берза АД Скопје |
Дивиденда
Акционерите на СБ имаат право на учество во добивката, освен ако, според одлуката на Собранието за употреба на добивката, донесена врз основа на закон, релевантен подзаконски акт или Статутот на СБ, добивката е изоставена од распределба меѓу акционерите. Учеството на акционерите во добивката се определува според родот и класата на акциите.
Бруто износ на дивиденда за обични акции за 2021 година - /
Бруто износ на дивиденда за приоритетни акции за 2021 година - 5 МКД
Исплатата на дивидендата за приоритетните акции ќе се исплати: во рок од 30 дена од денот на усвојувањето на релевантната одлука на Собранието на акционери.
Информација за исплата на дивиденда на приоритетни акции
Дивидендна историја
Година |
Бруто износ по акција, во МКД |
Бруто износ по акција, во МКД |
2021 | 5 денари | |
2020 | - | 6 денари |
2019 | - | 7 денари |
2018 | 73 денари | 9 денари |
2017 | 117 денари | 10 денари |
2016 | 127 денари | 11 денари |
2015 | 159 денари | 12 денари |
2014 | - | 16 денари |
2013 | - | 20 денари |
2012 | - | 23 денари |
2011 | - | 29 денари |
2010 | - | 36 денари |
2009 | - | 41 денари |
2008 | - | 35 денари |
2007 | - | 34.5 денари |
2006 | - | 316.5 денари (акумулирана добивка за периодот 2000-2006 година) |
2005 | - | - |
2004 | - | - |
2003 | - | - |
2002 | - | - |
2001 | - | - |
Контакт
Доколку ви се потребни дополнителни информации во врска со акциите на Стопанска банка АД - Скопје, слободно контактирајте го именуваното лице за односи со инвеститори:
Бојан Цветковски
e-mail: investor.relations@stb.com.mk
Тел: (02) 3295 – 407
За дополнителни информации обратете се на