
Новости
Соопштенија
Соопштение за субвенции за тутун
18.04.2020
Соопштение за располагање со субвенциите за тутун
Почитувани, согласно спроведената исплата на субвенциите за тутун, ве информираме дека во периодот од 21-ви април (вторник) до 24-ти април (петок) 2020 година Банката ќе им биде на располагање на клиентите корисници на субвенции од тутун, но со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа:
За клиентите - физички лица според почетната буква од презимето
За клиентите - правни лица според првата буква од називот на правното лице
Напоменуваме дека за клиентите корисници на дебитни картички, средствата од субвенциите им се веќе достапни за располагање во трговија и на банкоматите.
Распоредот за готовински исплати во филијалите на Банката:
- 21.04.2020 (вторник) исплата за А, Б, В, Г + Д (презиме/назив)
- 22.04.2020 (среда) исплата за Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј + К (презиме/назив)
- 23.04.2020 (четврток) исплата за Л, Љ, М, Н, Њ, О, П + Р (презиме/назив)
- 24.04.2020 (петок) исплата за С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ + Ш (презиме/назив)
За оваа цел, филијалите во Прилеп, Битола (Широк сокак), Радовиш и Струмица во овие денови ќе работат од 8 до 17часот. Останатите филијали работат со веќе утвредното работно време.
За клиентите кои сепак ќе одлучат да ги посетат нашите филијали, апелираме да ги следат следните препораки:
• Доследно запазување на редоследот на користење на субвенциите по датум
• Да се почитуваат сите превентивни мерки во насока на заштита на јавното здравје (користење на маски и ракавици) и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри, за што се ангажирани и редарски службеници и
• Да очекуваат ограничен влез на клиенти во филијалите/експозитурите одеднаш со цел намалување на гужвите внатре во објектите.
Воедно ги информираме и сите други клиенти на Банката дека во овие денови е очекуван поголем број на клиенти, особено во посочените филијали, со цел планирање на нивните посети.
Корисни линкови: