
Новости
Соопштенија
ПРОМЕНА НА СТАРТ НА ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО
07.06.2019
„Вози право, вози здраво“ Vol.5
(сабота 08.06.2019 од 18 часот, сала Борис Трајковски)
Почитувани учесници на Вози право, вози здраво и драги сограѓани,
Ви благодариме што оваа година стигнуваме до рекорден број на 8.000 учесници со што докажуваме дека настанот има своја вредност и веќе воспоставена традиција.
ЗНАЧАЈНА ИНФОРМАЦИЈА: На барање на голем дел од учесниците за кои утрешниот ден е прогласен за работен а и со цел подобро искуство на трката, поради друг презакажан настан во центарот на Градот, стартот на ВПВЗ ќе биде од салата Борис Трајковски во 18ч.
На овој начин, ги избегнуваме и најавените високи температури, собирањето пред стартот ќе биде покомотно за сите, сообраќајот во градот ќе биде нормализиран и сепак ќе можеме да извозиме ист број на километри до целта во Градскиот парк.
Вози право, вози здраво vol. 5 ќе се одржи на 08.06 од 18 ч со старт пред Салата Борис Трајковски а целта е на вообиачената локација во Градскиот парк во 19ч.
Ви благодариме на разбирањето и се гледаме на стартот – Сала Борис Трајковски во 18ч.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна