
Новости
Соопштенија
Оглас за продажба на превземен имот Реф. бр. 1-01/2020
Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:
1. Недвижен имот во Неготино - 7 (седум) згради со вкупна површина од 1293м2 и право на користење земјиште под и околу објект со вкупна површина од 3911м2 лоцирани во м.в. Маршал Тито за КО Неготино запишан во Имотен лист бр.5942 за КО Неготино, и тоа:
а) зграда 2 со површина од 690м2 за минимална/почетна цена од 111.000ЕУР
б) зграда 3 со површина од 198м2 за минимална/почетна цена од 32.000ЕУР
в) зграда 4 со површина од 147м2; зграда 5 со површина од 15м2; зграда 6 со површина од 86м2 и зграда 7 со површина од 13м2
за минимална/почетна цена од 38.500ЕУР
г) зграда 8 со површина од 144м2 за минимална/почетна цена од 26.000ЕУР;
2. Куќа во с.Здуње, Гостивар со површина од 343м2 и земјиште од 542м2 за минимална почетна цена од 50.000 ЕУР;
3. Деловен простор во Кочани на ул. Г. Делчев, Кочани, зграда бр.1, влез 3, приземје од 32м2 запишан во ИЛ бр. 13428 за КО Кочани за минимална почетна цена од 3.041ЕУР;
4. Деловен простор во Кочани ул. Г. Делчев, Кочани, зграда бр.1, влез 3, приземје од 40м2 запишан во ИЛ бр. 13428 за КО Кочани за минимална почетна цена од 3.171ЕУР;
5. Производен погон во Тетово запишан во ИЛ 38489 за КО Тетово 2 лоциран на ул.Илинденска бр.228 со вкупна површина од 1281м2 за минимална/почетна цена од 230.000ЕУР;
6. Спрат од куќа во Струмица на ул. М.Тито бр. 158 Струмица 1 кат од 67 м2 запишан во ИЛ бр.13407 за КО Струмица.за минимална/почетна цена од 9.700ЕУР;
7. Деловен простор во с.Турново,Струмица на м.в. Турново 152 од 157м2 и земјиште од 779м2 запишан во ИЛ бр.700 за КО Турново за минимална/почетна цена од 6.500ЕУР;
8. Производен погон во с.Раборци, Струмица на м.в.Туполите од 427м2 со право на користење на земјиште под објект од 546м2 запишан во ИЛ бр.8 за КО Раборци за минимална/почетна цена од 9.100ЕУР
9. 6 (шест) објекти (дел од комплекс за обработка на тутун (Јака Табак, во стечај) во Радовиш на ул.М.Тито, и тоа:
а) Зграда 7, објект откупна сала со вкупна површина од 2871 м2 за минимална/почетна цена од 181.800ЕУР;
б) Зграда 9, објект магацин со вкупна површина од 5,007м2 за минимална/почетна цена од 293.400ЕУР;
в) Зграда 12, објект ресторан со вкупна површина од 768м2 за минимална/почетна цена од 60.000ЕУР;
г) Зграда 18, објект магацин со вкупна површина од 158м2 за минимална/почетна цена од 11.700ЕУР;
д) Зграда 21, објект магацин со вкупна површина од 151м2 за минимална/почетна цена од 9.182ЕУР;
ѓ) Зграда 22, објект магацин со вкупна површина од 183м2 за минимална/почетна цена од 13.500ЕУР;
10. Недвижен имот (административен простор со производна хала) во Скопје лоциран на КП 7083/3 за КО Злокуќани со вкупна површина од 1751м2 со право на сопственост на земјиште под објект и двор со површина од 556м2 за минимална почетна цена 583.000ЕУР
НАПОМЕНА: над земјиштето на КП 7083/3 постои право на нужен премин (без надоместок), стварна службеност.
11. Машина за печатење весници Мануграпх-Цитѕлине Еџпрес производена во 2005 за минимална почетна цена од 29.000ЕУР
Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.
Во цената на имотите под точка 1;3;4;5;7;8; 9; 10 и 11 не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
Недвижниот имот ќе се продава во готово или на кредит.
Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени коверти, од кои што едниот коверт (помалиот) треба да биде затворен во другиот коверт (поголемиот) при што:
- Поголемиот коверт треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големиот коверт да се наведе:
- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
- На помалиот коверт да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
- цената која се нуди за купување на недвижноста;
- согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
- согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111 со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.
Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаќањето.
Рокот за доставување на Понудите е 16.01.2020 година.
Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280 и 02/3295-283
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна