header image

Оглас за продажба на превземен имот: реф бр.1-01/2024

31. 1. 2024

 

Оглас за продажба на превземен имот: реф бр.1-01/2024

 

Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:

  1. Нива во Србица,Кичево, МВ Копач, Србица – вон Град со површина од 1.008м2 за минимална/почетна цена од 2.000ЕУР;
  2. Ниви во с.Лабуништа, Струга класа 2 со површина од 2257м2 и 559м2 за вкупна минимална почетна цена од 3.500ЕУР;
  3. ½ нива во с.Ложани, Струга, м.в. Ложани со вкупна површиан од 6830м2 за минимална/почетна цена од 2.000ЕУР;
  4. 2(двe) деловни простории во Скопје на ул.Луј Пастер бр.3 (Палата Македонија) во подрум со вкупна површина 38м2 за минимална/почетна цена од 20.000ЕУР,
  5. Производен погон во Тетово запишан во ИЛ 38489 за КО Тетово 2 лоциран на ул.Илинденска бр.228 со вкупна површина од 1.281м2 со земјиште под објект со површина од 686м2 за КО Тетово 2 за минимална/почетна цена од 190.000ЕУР.
    Напомена:
    • за површина од 251м2 (внатрешна површина) банката има започнато постапка за легализација. Избраниот купувач во свое име и своја сметка ќе ја продолжи постапката.
    • земјиштето околу објектот – двор (КП бр.9646/1 за КО Тетово-2 ) е во сопственост на друго правно лице.
  6. Производни хали во Битола (поранешна текстилна фабрика Родон) Индустриски пат КО Битола, и тоа:
    а) Згради бр:5,7,8,12,13,15,16,17,20,24 (како пакет) сите во вкупна површина од 4.038м2 согласно Имотен лист бр. 50759, бр.70897, бр.70776 за минимална/почетна цена од 292.000ЕУР
    б) Зграда 6 со површина од 5.052м2 согласно ИЛ бр. 50759 за минимална/почетна цена од 728.000ЕУР
  7. 2(две) куќи во Битола на ул.Кленоец бр.67, запишани во ИЛ 12300 за КО Битола 3,со површина од 88м2(ПР+01),односно 28м2(ПР) за вкупна минимална/почетна цена од 17.000ЕУР,
  8. Куќа во с.Бориево, Струмица со вкупна површина од 253м3 (ПР+01) со земјиште од 1043м2 за минимална/почетна цена од 34.000ЕУР,
  9. 3(три) деловни простории-дуќани во Ресен (во трговскиот центар) на кат 01, секој со површина од 18м2 лоцирани еден до друг за вкупна минимална/почетна цена од 20.000ЕУР,
  10. Деловен простор во Велес на ул.Киро Рогужаров, во сутерен во индивидуална куќа, со површина од 25м2 за минимална/почетна цена од 900ЕУР.
  11. Спрат од куќа во Струмица на ул. М.Тито бр. 158 Струмица 1 кат од 67 м2 запишан во ИЛ бр.13407 за КО Струмица за минимална/почетна цена од 10.000ЕУР;

Продажбата нa имотот се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот. Со уплата на депозит за лицитација, се смета дека понудувачите се запознаени со правните недостатоци на овој имот, и ги прифаќаат истите.
Во цената на имотите под точка 1,2,3, 4, 5,6,9 и 10 не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Недвижниот имот се продава во готово или на кредит.
Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.

Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

  • Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
    - Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
    - Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
    - Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
  • На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
    - цената која се нуди за купување на недвижноста;
    - согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
    - согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.


Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111 со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.

Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на еврото пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.

Рокот за доставување на Понудите е 07.02.2024година.

Дополнителни информации на телефон: 02/3295-487, 02/3295-283 , 02/3295-280

Стопанска Банка АД - Скопје

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.