header image

Промени во тарифна ставка

 

31.12.2020

 

Почитувани,

 

Стопанска банка АД - Скопје информира дека е направена промена во тарифната ставка:

-    Надоместок за месечно водење на трансакциски и штедни сметки, за трансакции извршени со почеток од 01.01.2021г., при што наплатата ќе се изврши  со валута на 01.02.2021г. во износ од мин. 30,00 ден, максимум 40,00 ден во зависност од бројот на извршени трансакции во текот на еден календарски месец.
-    Надоместок за месечно водење на трансакциски и штедни сметки на пензионери за трансакции извршени со почеток од 01.01.2021г, при што наплатата ќе се изврши  со валута на 01.02.2021г. во износ од мин. 20,00 ден, максимум 30,00 ден во зависност од бројот на извршени трансакции во текот на еден календарски месец.
    
За детален увид во актуелните надоместоци обратете се во Филијалите на Банката, во Контакт Центарот на (02)3100-109 или на тарифата објавена на веб страницата.

По увидот во горенаведена објава, клиентот го задржува правото да побара прекин на деловниот однос со банката со доставување на писмено барање на шалтерите на банката, во спротивно ќе се смета дека трошокот е прифатен и дека Банката има право да го наплатува истиот.

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.