header image

Стопанска банка станува најголема продажна мрежа за осигурување

29.01.2019, Скопје


Стопанска банка станува најголема продажна мрежа за осигурување


Во годината која Стопанска банка АД – Скопје го одбележува својот 75 годишен јубилеј започна банкоосигурување во соработка со Кроација Осигурување/Неживот и УНИКА Лајф.
Преку своите 65 филијали, 24/7 контакт центарот и со повеќе од 120 лиценцирани застапници во осигурувањето Банката на пазарот понуди најголема продажна мрежа на осигурителни производи, со што осигурувањето станува подостапно за секого.

Осигурувањето е дел од финансискиот систем на државата и претставува комплементарна дејност на банкарското работење, насекаде во светот. Улогата на Стопанска банка примарно е да обезбеди едукација на клиентите за предностите на осигурувањето и за додадената вредност што ја добиваат преку користењето на банкарски производи со вклучено осигурување.

Со реализација на повеќе од 5.000 полиси преку Банката во делот на животното и неживотното осигурување и позитивни реакции од клиентите, посебна популарност добиваат следните производи:
•    Бесплатното годишно патничко осигурување кое го добиваат сите нови и постојни корисници на Visa/MasterCard кредитните картичките на Стопанска банка кое се активира преку филијала или Контакт центар
•    Кредитите со вклучено животно осигурување (потрошувачки, станбени, хипотекарни) со преференцијални услови и
•    Кредитите со вклучено осигурување од незгода и годишен ваучер од 400/600 денари кој клиентите ќе го користат за друга осигурителна полиса набавена од Банката

Покрај понудата на банкарски производи со вклучено осигурување, клиентите ќе можат да ги добијат и сите други видови на осигурување како: имотно/домаќинско и патничко осигурување со повластени цени, автоодговорност, зелен картон, КАСКО, осигурување од незгода и слично.

По повод средбата со медиумите г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален и извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје ијзавиОсигурувањето во глобални рамки е веќе нераздвојно од класичните банкарски производи а во Стопанска банка на клиентите им овозможува синергија, односно додадена вредност при користење на кредитните производи. Имено, сигурноста која клиентите ја добиваат со животното или осигурувањето од незгода е во поддршка на реализација на нивните планови а Банката го поддржува направениот избор со дополнителни поволности. Ни претставува задоволство што клиентите веќе ја препознаваат новата понуда на производите со вклучено осигурување, што е мотив повеќе за нас да продолжиме со понатамошен развој.“

 

 


Гоце Вангеловски, Генерален извршен директор на Кроација Осигурување/Неживот изјавиПоврзувањето на различните финансиски производи е веќе добро етаблиран тренд на пазарите во светот. Имајќи предвид дека осигурителните и банкарските производи тесно се надополнуваат, во интерес на корисницте направивме соработка со Стопанска банка АД - Скопје, преку која на едно место добиваат многу повеќе. Овој модел oсвен што штеди време, нуди и поголема вредност за корисниците. Имајќи ги во предви модерните навики на пазарот сметаме дека ваквиот тип на услуги ќе биде одлично прифатен и ќе ги пресретне очекувањата на корисниците. Истовремено креираме и еден нов тренд на финансискиот пазар кој ќе придонесе за дополнителен развој на услугите во интерес на корисниците.“

Александра Шкемби Антовска, Генерален извршен директор на УНИКА Лајф изјавиНи претставува посебно задоволство можноста да го претставиме стратешкото партнерство со Стопанска банка во понудата на Животно Осигурување под исклучително поволни услови, достапно преку 65-те филијали на Банката, насекаде во државата. Припадноста на една од водечките осигурителни групации од Австрија, UNIQA Group и партнерството со Стопанска банка се идеална комбинација која ќе ни овозможи да реализираме значаен развој на Животното Осигурување во Македонија.“

Стопанска банка АД  - Скопје
75 години на ваша страна


Корисни линкови:
https://www.stb.com.mk/naselenie/osiguruvanje/
https://www.stb.com.mk/naselenie/osiguruvanje/kreditno-zhivotno-osiguruvanje-riziko/
https://www.stb.com.mk/naselenie/osiguruvanje/patnicko-osiguruvanje/
https://www.stb.com.mk/naselenie/osiguruvanje/imotno-osiguruvanje/
https://www.stb.com.mk/naselenie/osiguruvanje/avtoodgovornost-i-zelen-karton/
https://www.stb.com.mk/naselenie/osiguruvanje/kasko/
https://www.stb.com.mk/naselenie/osiguruvanje/osiguruvanje-od-nezgoda-nesrekjen-slucaj/

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.