header image

Резултати од првата половина на 2021 година

30. 7. 2021

 

Објавени се финансиските резултати на Стопанска банка АД – Скопје за период 1. 1. 2021 – 30. 6. 2021 година



Во текот на првата половина од 2021 година Стопанска банка АД Скопје продолжи со успешно работење. Како резултат на тоа, на крајот на јуни 2021 година добивката пред оданочување изнесува 1.215.788 илјади денари, што е зголемување за 15 проценти во споредба со истиот период од претходната година. За истиот период, вкупната актива на Банката останува речиси непроменета во износ од 105.655.161 илјади МКД. Текстот во продолжение е извадок од Анализата на финансиските извештаи објавена денеска на веб порталот на Македонска берза.

Стабилните фундаменти на Банката, изразени преку високата капитална и ликвидносна позиција, успешниот бизнис-модел, прудентниот пристап во управувањето ризиците, како и воспоставените принципи на добро корпоративно управување, овозможуваат и во услови на големи предизвици и негативни влијанија од пандемијата на ковид-19 Банката да продолжи со долгогодишното успешно работење и да остварува високи резултати.

Капиталот и резервите изнесуваат 18.470.732 илјади денари, што претставува  зголемување за 6 проценти поради извршената капитализација на дел од добивката во износ од 17 милиони ЕУР во денарска противвредност, со што акционерите на Банката ја покажаа својата континуирана посветеност во остварување на воспоставените деловни цели и перспективите на Банката, во најдобар интерес на сите засегнати страни и на економијата во целина.

Во анализираниот период од 2021 година Банката нема извршено исплата на дивиденда на обичните акции. На годишното акционерско собрание се донесе одлука за исплата на дивиденда на имателите на приоритетни акции, која се реализираше во текот на јули 2021 година.

Во согласност со објавените макроекономски податоци за домашната економија, регистриран е пад на БДП во првиот квартал од 1,9 процент на годишна основа. Официјалните очекувањата за оваа година и натаму се движат од 3,5 проценти до 4 проценти пораст на БДП. Според последните проекции на НБРСМ за 2021 година, се очекува кредитен и депозитен пораст од 5,8 проценти и 7,5 проценти соодветно.

Соодветно на овие податоци, Стопанска банка, поаѓајќи од позиција со најголема капитална основа и најголемо кредитно портфолио на македонскиот пазар, очекува да продолжи да расте паралелно со пазарот, можеби поизразено во корпоративниот сектор, а да го одржи водечкото пазарно учество во секторот население. Притоа Банката ќе понуди услови и цени во согласност со пазарните движења, водејќи се примарно од својата кредитна политика при тоа почитувајќи ги најдобрите принципи и стандарди за  прудентно работење и управување со ризиците.
Банката продолжува да инвестира во развој и во осовременување на својата мрежа на филијали создавајќи модерни услови за работа за вработените при интеракција со клиентите, ги подобрува карактеристиките на своите дигиталните канали за комуникација и интеракција со клиентите, а воедно продолжува и со интензивна грижа и развој на својот човечки потенцијал.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на