
Новости
Соопштенија
Укината провизија за уплата на дневен пазар
23.04.2020
Укината провизија за уплата на дневен пазар
Стопанска банка АД - Скопје за своите клиенти, правни лица, овозможи од 23.04 до 30.06.2020 уплатата на дневниот пазар во филијалите на Банката да биде без провизија со што им овозможува на клиентите поголема флексибилност за извршување на уплатата во термин кој најмногу им одговара.
Дополнително, препорачуваме клиентите, доколку се во можност, уплатата да ја прилагодат земајќи го во предвид ограниченото движење на лицата над 67 години, со што ќе избегнат можни гужви и непотребни интеракции со оваа најранлива група на граѓани во борбата со Корона вирусот.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна