
Новости
Соопштенија
Соопштение за исплата на априлските пензии (1)
25.04.2022
Соопштение за исплата на априлските пензии
Почитувани,
Имајќи ги во превид препораките за заштита од ширење на COVID – 19, Ве известуваме дека пензиите за месец април од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со пензиите за месец април, клиентите ќе можат да располагаат од 26.04.2022 (вторник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 26.04.2022 (вторник)
- 11.001-14.000 денари на 27.04.2022 (среда)
- 14.001-18.000 денари на 28.04.2022 (четврток)
- Над 18.001 денари на 29.04.2022 (петок)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
За влез во филијалите препорачуваме носење на маска/марама и сл., а клиентите да држат растојание од 2м.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна