header image

Одржано годишно собрание на акционери на Стопанска банка АД - Скопје

01.07.2020

 

Одржано годишно собрание на акционери на Стопанска банка АД - Скопје

Почитувани,

Стопанска банка АД – Скопје на 30. 06. 2020 година, по писмен пат го одржа годишното собрание на акционери на кое се разгледаа и донесоа одлуки, кои Банката ги споделува со јавноста.

Банката успешно ја заврши 2019та година, со постигнати резултати што се должат на конзистентната деловна политика и посветеноста во спроведувањето на стратегиските цели и активности. Зад нас се 75 години на успешен бренд, кој постојано се развива и е секогаш во чекор со потребите на клиентите – граѓаните и корпоративниот сектор, како и на нашата економија и општество во целина.

Собранието на Банката реши добивката остварена во  2019та година да се распределина следниот начин:
-    Дел од добивката да се капитализира со  што се придонесува за одржување на нејзината силна капитална позиција, која обезбедува стабилност, пораст и развој, имајќи ги притоа предвид и генералните препораки на Народната банка.
-    Вториот дел од добивката е наменет за  инвестициски проекти на Банката,  наменети за развојни цели и за натамошно засилување на нејзиниот оперативен капацитет во иднина. Сепак, доколку инвестициите не бидат реализирани во планираниот период, Банката со нова одлука ќе изврши пренамена на овие средства.

Дневниот ред  од одржаното собрание, содржината на одлуките и финансиските извештаи се достапни на интернет-страницата на Банката.

Како и во досегашниот период, Банката останува посветена на примена на највисоки стандарди за транспарентност за своето работење, кои се карактеристики на големите, општествено одговорни компании што се грижат за своите клиенти и за заедницата и придонесуваат во заедничкиот пораст и развој.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.