header image

Update на m-banking апликацијата - Нотификации

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека отсега Ви се достапни нотификации за приливи/одливи на средства од вашата m-banking апликација на Стопанска банка на Google Play Store, за iOS на App store како и на Huawei App Gallery. Се што треба да направите е да ја update-ирате m-banking апликацијата и да ги поставите нотификациите на сметки.

Нотификациите на сметки се исклучиво наменети само за корисниците на m-banking апликацијата на СТБ и се во вид на push нотификации кои стигнуваат директно од мобилната апликација, при прилив или одлив на средства, а поставувањето на истите се врши преку апликацијата.

Би сакале да напоменеме дека во овие известувања НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ: картичните трансакции дебитни/кредитни, повлекувања од АТМ, купување онлајн и за истите нема да бидете известени со push нотификација, туку делумно преку СМС како и до сега, провизиите на сметки и се што е помало од минималниот износ за изветување од 100 МКД односно 1 EUR/USD/CHF за девизни сметки.

  • Прилив по основ на плати, пензии, други примања и трансакции на сметка
  • Одлив по основ на трајни налози (фиксни износи, режиски трошоци, кредити, кредитни картички), повлекување од шалтер и други исплати

Како функционираат нотификациите на сметки?

  • Само корисниците на m-banking апликацијата имаат можност да добиваат push нотификации, сетирањето на нотификациите може да го направите при влез на м-банкинг > од хамбургер менито се одбира нотификации > и потоа селектирате сметка и минимален износ за кој сакате да добивате известување.
  • По вклучување на нотификациите на одредена сметка потребно е да поминат 24 часа за регистрација во систем односно веќе од следниот ден сметката ќе биде во можност да добива нотификации.
  • Доколку плаќањата ги правите од ibank каналите (е-банкинг/м-банкинг) од сметка кон сметка, НЕМА да Ви регистрира нотификација за ОДЛИВ бидејќи веќе ќе бидете известени преку сервисот со детални информации дека налогот е успешен како и бројот на FT трансакацијата за успешност, во случајот доколку испраќате средства на лице кое има вклучено нотификации тоа би добило нотификација за ПРИЛИВ.

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна!

Аплицирај online

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.