header image

Објавени финансиските резултати за првата половина од годината

 

Почитувани,

Kон крајот на првиот квартал од 2020та година беше прогласена пандемија од ковид-19 поради сериозните импликации врз здравјето на луѓето. Пандемијата резултираше со преземање глобални мерки за спречување на ширењето на вирусот, што имаше соодветно голем импакт на економски план, глобално и локално.

Стопанска Банка АД - Скопје веднаш презеде мерки за заштита како на вработените така и на клиентите, со почитување на сите препораки што се објавуваат од страна на сите соодветни авторитети. Нашите производи и услуги продолжуваат да бидат достапни со тоа што Банката дополнително вложува во едукација на клиентите за користење на дигиталните канали достапни 24 / 7. Дополнително, Банката активно учествува во спроведувањето на економските мерки ставајќи ги на располагање мрежата на филијалите и вработените за граѓаните и за правните лица.

Стопанска банка АД – Скопје денеска ги објави финансиките резултати за периодот од 1. 1. 2020 година до 30. 6. 2020 година, според кои Банката оствари нето-добивка пред оданочување во износ од 1.057.284 илјади денари, односно 17,2 милиони ЕУР, додека добивката по оданочување изнесува 15,5 милиони ЕУР.

Во посочениот период капиталот и резервите изнесуваат 16.209.123 илјади денари што претставува зголемување за 6,2 % во однос на крајот на 2019 година, пред сè како резултат на остварената добивка.

Дополнително, со состојба 30. 6. 2020 година, Банката изврши зголемување на регулативниот капитал во износ од 15 милиони ЕУР со прераспоредувањето на добивката од 2019 година, со што се зголеми капиталната адекватност на Банката над пропишаните регулативни барања, што претставува поддршка на бизнисот и на идните перспективи на Банката.

Очекувања за претстојниот период како и стравувањата дека ковид-19 може да резултира со одолжена здравствена криза преку втор, па дури и трет бран, се остварија како на глобално така и на домашно ниво.

Во првиот квартал од годината, домашната економија регистрираше скромен пораст од 0,2% на годишно ниво. Порастот беше исклучително воден од финалната потрошувачка, додека инвестициите и извозот забележаа пад. Високофрекфентните податоци за вториот квартал упатуваат на позначителен пад на економската активност. Во однос на ценовните движења, ниската побарувачка придонесува за умерена инфлација, при што позначаен пораст е регистриран само кај цените на храната. Кај платниот биланс сè уште нема поголема нерамнотежа, односно дефицитот на тековната сметка е во рамки на проекциите.

Како и до сега, Банката ќе продолжи да ги презема сите потребни мерки и активности потребни за намалување минимум на негативното влијание од кризата и за приспособување кон новонастанатите макроекономски услови.

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

Аплицирај online

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.