
Новости
Соопштенија
Соопштение за располагање со парични средства од социјална, детска и цивилна заштита за јули 2022
03.08.2022 СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштение за располагање со парични средства од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2022
Почитувани,
Ве информираме дека на 04.08.2022 (четврток) ќе се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите - корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат веднаш достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.
Додека, готовинска исплата во филијалите на Банката ќе се изврши етапно на 4-ти август (четврток) и 5-ти август (петок) 2022 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:
- 04.08.2022 (четврток) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; (презиме)
- 05.08.2022 (петок) исплата за М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.
Клиентите кои ќе ги посетат нашите филијали, апелираме да ги следат следните препораки:
• Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
• Користење на маски или марами и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна