header image

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Старт на Вози право, вози здраво поместен за 11 часот

25. 5. 2023

 

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Старт на Вози право, вози здраво поместен за 11 часот

 

Поради најавите за силен дожд, настанот „Вози право, вози здраво“ во недела претрпе промена и ќе почне од 11 часот.

Стартот на ревијалната трка „Вози право, вози здраво“- vol.7 што ќе се одржи во недела (28 мај) ќе биде во 11 часот од Порта Македонија, наместо од 17 часот како што првично беше најавено. Промената на времето е поради променливите временски услови и најавата за пороен дожд во периодот за кога првично беше закажана ревијалната трка.

Освен промената на времето на одржување на ревијалната трка, сѐ друго останува исто. Учесниците ќе стартуваат од Порта Македонија, а целта е кај фонтаната во Градски парк каде што ќе има освежување и грицки за сите учесници, голема забава и богата лотарија.

Регистрацијата за овој настан е отворена до сабота или до пополнување на 8.000 регистрации и се одвива преку следниот линк.

Повеќе информации за настанот, донациите и претходните изданија можете да најдете на нашата веб страница

Се надеваме на добро време а за одличното расположение ќе се погрижиме сите заедно!

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.