Прескокни до содржина
Плата+ Промотивна понуда „Добродојдовте во Стопанска банка“

Новости

Плата+ Промотивна понуда „Добродојдовте во Стопанска банка“

02.11.2026

Плата+ Добродојдовте во Стопанска банка

 

За клиентите кои ја одбираат Стопанска банка за примање на својата месечна плата во промотивниот период од 02.11 до 31.12.2026 следуваат проширени поволности.

Покрај редовните:

  • Повластени променливи каматни стапки за сите кредитни производи во Банката со постојано намалување од 10% во однос на редовните каматни стапки

  • Атрактивни каматни стапки за позитивната состојба на трансакциската тековна сметка на која се прима платата

  • Можност за дозволено пречекорување на трансакциска сметка во висина од приближно 2-3 редовни месечни примања

  • Брза и едноставна процедура за сите кредитни производи

  • Дебитна картичка без годишно членство за првата година на користење

  • Широка мрежа на банкомати – подигнување и уплата на готовина и проверка на состојба без провизија

  • Бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена во траење од 365 дена за корисници на кредитните картички

  • Воспоставување на траен налог од трансакциска сметка без наплата на провизија

 

Клиентите сега имаат можност да добијат:

 Опција 1

  • Вкупно 3.000 МКД бонус за добредојде на платежна сметка поврзана со Mastercard дебитна картичка, доколку клиентот потпише изјава за пренос на плата и земе Mastercard кредитна картичка или рефинансира потрошувачки/ станбен кредит од друга банка. Притоа:  

    • 2.000 МКД од бонусот се исплаќаат веднаш, по реализација на условите за користење на понудата

    • Останатите 1.000 МКД се исплаќаат по 12 месеци, доколку клиентот континуирано ја прима платата преку Стопанска банка.

 Опција 2

  • 1.000 МКД бонус за добредојде на платежна сметка поврзана со Mastercard дебитна картичка, доколку клиентот ја пренесе платата во Стопанска банка без отворање на Mastercard кредитна картичка, односно без рефинансирање потрошувачки/ станбен кредит од друга банка.

 

Нашите клиенти до крајот на годината исто така имаат пристап до:

 

Посетете една од нашите филијали и дознајте повеќе за начинот на отворање на сметка, избор на таа сметка за примање на плата и за понудата на кредитни производи.

Дел од нашите филијали (Прилеп, Битола и Битола 2) во работната недела од 02.11 до 06.11.2026 година ќе работат со продолжено работно време од 8:30 до 17ч.

 

Стопанска банка
На ваша страна