header image

Вози право, вози здраво по петти пат

22.05.2019

 

Вози право, вози здраво по петти пат

 

 

Почитувани љубители на велосипедизмот, на ролерките, тротинетите, скиролите. Со гордост го најавуваме петтото најголемо досега издание на #ВозиПравоВозиЗдраво - ревијална трка со голема забава и лотарија за учесниците. Настанот ќе се одржи во сабота, 08.06 со почеток во 17 часот на Порта Македонија и цел во Градскиот парк со голема забава и вредна лотарија. 

 

Регистрацијата за настанот е отворена, веќе ги имаме првите 500 пријавени учесници и бројот брзо се зголемува со што се докажува препознатливоста на настанот како убава и корисна манифестација, привлечна за целото семејство и со силна порака за заедницата - заедно можеме да го промениме нашето однесување и да придонесеме за поквалитетна животна средина. Секако, Стопанска банка АД - Скопје како благодарност за масовната поддршка на настанот, за Град Скопје ќе продолжи да донира урбана опрема за велосипедизам. Претходните донации вклучуваа: Изградба на детски велодром, набавка и поставување на станици за поправка на велосипеди и паркинзи за велосипеди на урбани локации, паркинзи за велосипеди на сите свои филијали, санација на подлогата за возење на детскиот велодром а во тек се подготовки за изградба на нова, поголема вело содржина во Градот.

 

Ве очекуваме да се регистрирате за учество најдоцна до 07.06 и да ги подигнете вашите редни броеви од i-bank store, нашата концепт филијала од 03.06 до 07.06 од 10 до 18ч и на денот на настанот до 15 часот. Подигнување на редни броеви на самиот старт нема да биде овозможено поради големиот број на учесници и оптимално искористување на периодот кога улиците се блокирани за сообраќај.

 

За сите дополнителни информации околу настанот, стартот, мапата, настапот на 5+ фамилија и Баскерфест, за вредната лотарија и слично дознајте на нашата веб страница или на Facebook страницата.

До сабота, 08.06 уживајте во убавото време и возете право, возете здраво :)

 

Стопанска банка АД - Скопје

75 години на ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.