
Новости
Соопштенија
Соопштение за исплата на пензиите за месец септември 2022г.
29.09.2022
Соопштение за исплата на пензиите за месец септември 2022г.
Почитувани,
Ве известуваме дека пензиите за месец септември од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со пензиите за месец септември, клиентите ќе можат да располагаат од 29.09.2022 (четврток), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 29.09.2022 (четврток)
- 11.001-14.000 денари на 30.09.2022 (петок)
- 14.001-18.000 денари на 03.10.2022 (понеделник)
- Над 18.001 денари на 04.10.2022 (вторник)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
За влез во филијалите препорачуваме носење на маска/марама и сл., а клиентите да држат растојание од 2м.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна