КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 Октомври, 1000 Скопје

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

27.09.2019

 

Трицикли за лица со посебни потреби

 

Скопје ги доби првите трициклисти. Стопанска банка присуствуваше на пробното возење на 2та трицикли за возрасни кои Банката ги набави за слободно користење за лица со посебни потреби за велосипедски прошетки во Градот, па така нашите пријатели Дарко, Никола, Марио и Стефан вчера првпат се возеа и уживаа во слободното движење..

Трициклите се дел од долгогодишната посветеност на Банката за поголема употреба на велосипедите во урбаните средини преку актуелната #ВозиОдСрце кампања и петте изданија на #ВозиПравоВозиЗдраво.

Велосипедите се достапни за бесплатно изнајмување од Rent a bike Skopje Vinyl кои доброволно се пријавија да ги чуваат и сервисираат трициклите кои се набавени од АгроТехнА, посебно продуцирани за оваа потреба од брендот на велосипеди Макс.

Банката ги повикува сите заинтересирани родители да се обратат во Rent a bike Skopje Vinyl и да закажат термин за возење и да се запознаат подетално со начин за изнајмување и користење на трициклите. Секако, препорачуваме и користење на заштитна опрема (на пр. кацига) и користење на велосипедските патеки во Градот. На возачите и велосипедистите кои ќе ги видат нашите трициклисти им порачуваме да ги поздрават и да им овозможат безбедни услови за движење.

 

 

Проектот #СонувамеМенуваме оваа година ќе има свое 4то издание и повторно ќе биде насочено кон инклузија на лицата со посебни потреби во општеството а како нераздвоен дел од проектот ќе бидат и донациите кои Банката ги прави за асоцијациите на лица со посебни потреби ширум Македонија.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна